Home / Uncategorized / Добре дојдовте на Strumica Online

Добре дојдовте на Strumica Online

Навистина ни е драго дека сте овде на самиот почеток на нашата работа. Strumica Online топло Ве поздравува и ви посакува пријатен престој на порталот.

Strumica_Online_FB Header

Со нашите содржини ќе се обидеме да Ви презентираме една пораzлична страна на градот. Една друга перспектива и еден светоглед кој ќе биде побогат, инвентивен, едукативен, интерактивен и се надеваме на Ваше драго задоволство – забавен.

Strumica_Online_FB_1strumicaonline.net е место каде ќе се промовираат препознатливите вредности на градот, истовремено ќе служи за подигање на граѓанската свест и афирмирање на културата и тековното презентирање на културното наследство на градот. Овој портал ќе постави нови стандарди во презентирањето на градот, ќе биде место каде многумина ќе можат да се изразат, уредувачката политика е така структурирана да се развијат посебни категории кои ќе служат афирмативно за општината и струмичани.

Оваа страница ќе биде место каде ќе почнат да се развиваат нови дискурси на полемика, ќе биде парче дигитален простор каде ќе се пристапи со аналитичко перцепирање и анализирање на граѓанскиот сектор, на приказните кои како град ги имаме.

Подигањето на нивото на општествени и културни политики во градот е неопходна, со ОТВАРАЊЕТО на strumicaonline.net ќе се развие простор каде нашите граѓани ќе можат да се информираат, но и да се едуцираат, да ја следат историјата на градот, плурализмот и слободата на независната сцена ќе се подобри, но пред се ќе стане видлив и влијателен општествен фактор, кој проактивно ќе учествува во социо-културните процеси, придонесувајќи во демoкратизацијата на општеството и претставувањето на она што досега не е кажано и презентирано.

Оваа платформа со својата визија преку критички и конструктивен дијалог ќе укаже на ретроградните културни политики, со воведување прогресивни, инклузивни и демократски јавни дискусии и практики во сферата на културата и во поширокиот граѓански сектор. Ќе се развива и ќе функционира според демократските принципи на транспрентност, еднаквост и интеркултурен дијалог.

Своевремено strumicaonline.net ќе постане јадро и репер за убавите нешта во градот.

About admin

Митко Гогов aka kihuPotru - концептуален уметник, поет и граѓански активист. Уредник и автор @reper.net.mk @think.mk & @zenica.mk, претседател на Здружението Контекст.   Блогер, отворен за соработка #culture #art #media [fb] [twitter] [LinkedIn]

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top