Home / Uncategorized / 7 тенденции кои ќе ја променат светската економија

7 тенденции кои ќе ја променат светската економија

Светот нагло се промени поради технологијата. Во последниве 20 години помалку од 3 милиони луѓе на планетата имаа интернет пристап, сега мрежата достигна користење до 2,5 милијарди.

8aa_22

На лабораториските глувци им растат човечки уши. Роботи составуваат автомобили, оружје се произведува со 3D принтање. Сето ова е од значење за инвеститорите. Меѓународниот финансиски гигант Citi тоа добро го знае.

Традиционално, тој го финансира изготвувањето на анализа која ги наведува мегатенденциите кои според експертите го менуваат глобалниот финансиски систем и животот на луѓето. Во 2014 година Citi вложи напори во оваа насока со научници од Оксфордскиот универзитет, за да утврди кои се тие тенденции. Така станаа јасни 7те најважни и клучни работи кои ќе ја менуваат иднината. Тие се објаснети подетално на клиентите на Citi во извештај од 92 страници.

Business Insider ги презентираше накратко тенденциите кои се определени како 7 најважни процеси за светот. Тоа се следниве:

26820391

1. Светот станува поинтегриран. Бројот на демократиите се зголеми и националните влади станаа поотворени, повеќе подготвени да го прифатат странското влијание и да соработуваат со други економии. Во последните 18 години биле отворени копнени граници од околу 8.000 километри. Ова им овозможи на 400 милиони граѓани да живеат и работат каде одлучат во странство. Дури недемократски нации како Кина ја зголемија меѓународната трговија.
Се разбира, за глобализацијата играат улога и медиумите. Над 1,1 милијарди луѓе уживаат да го користат Facebook речиси секој ден и секој месец. Над 2/3 од приходите на Холивуд доаѓаат од меѓународните пазари.

2. Падот на царините доведе до зголемување на трговијата и инвестициите. Спрема 80-тите години, царините се намалија значително. Ова го стимулира увозот и извозот. Во Индија на пример сообраќајните царински тарифи на индустриските производи во 90-тите години беа над 200%, а во 2009 година паднаа под 10 отсто.

3. Глобалното население старее. Причини за ова се неколку: наталитетот се намалува, луѓето имаат поголем пристап до контрацепција, жените се борат за подобро образование и кариерни можности, одложувајќи го формирањето на семејство. Истовремено траењето на животот се зголемува поради зголемувањето на квалитетот на здравствената заштита. Страните ќе треба да се борат со проблемот на растечките државни трошоци за грижа за возрасните, додека работоспособното население се намалува. Во 1950 година глобалното население над 60-годишна возраст беше над 200 милиони луѓе. Во 2050 година тоа ќе биде 2 милијарди.

global-economic-forecast-algorithm-826x550

4. Технологија на следната генерација влегува во глобалната работна сила. При целото зборување за смартфоните и мобилните апликации, луѓето небаре масовно забораваат дека има и други насоки во кои технологијата се развива. На пример во областа на генетските експерименти, нанотехнологијата. Се смета дека 3D печатењето ќе создаде револуција во производството и медицинската индустрија.

5. Растечките економии ќе го поведат глобалниот економски раст. Стандардот на живот меѓу населението ќе се покачува. До 2030 година светската економија ќе се удвои. Во 2050 година се очекува таа да се удвои повторно, според Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Во 2060 година, Индија ќе има повеќе работници од Кина. Покрај тоа, во 2030 година во неа ќе живеат и повеќе луѓе од средната класа – 1,19 милијарди лица. Во Кина тие ќе бидат 1,12 милијарди. Но, Кина ќе продолжи да има поголем БДП по глава на жител – 21 000 долари, наспроти 12 000 долари во Индија. Наспроти овие очекувања треба да се напомене дека предизвиците на политичкото управување во Индија може целосно да ги превртат овие трендови, предупредуваат авторите.

6. Системските ризици ќе ги загрозуваат меѓународните компании. Овие ризици се физички, локални, регионални, глобални и политичките лидери се целосно неподготвени да ги пречекаат. Природните катастрофи веќе доведоа до значителни производствени одложувања и финансиски загуби. Пример тешките поројни дождови во Тајланд во 2011 година Тие наложија да бидат затворени дел од фабриките во земјата каде се произведуваат компјутерски хард дискови. Ова доведе до 28% пад на светското производство на овие компоненти и го намали производството на лаптопи и дигитални камери. Добивката на Intel падна со 1 милијарда долари во последниот квартал на 2011 година. Вкупните загуби од поплавите во Тајланд беа во вредност од 45,7 милијарди долари – приближно колку БДПто на Кенија.

3679756-orange-stock-market-world-economy-abstract-background

7. Глобалните системи за управување се неуспешни во обидот да се справат со меѓународните проблеми. Овие институции се создадени во ерата на еден исчезнат светски поредок. Пример ООН. Таа организација го носи духот на годината на нејзиното основање – 1945 година – кога светот се градеше одново по Втората светска војна, а глобалниот БДП беше 7 трилиони долари. Сега БДПто на светот е 71 трилиони долари. “Како што еден компјутер не може да биде поправен од автомеханичар за машини, така и проблемите на 21 век не можат да бидат решени од институции на 20от век”, посочува Citi.

Во исто време светот ќе биде определен и од неуспехот на водечките нации од групата на “Рио 20″ кои треба да се борат ефикасно со промените во климата, дополнуваат тие. “Глобалното управување треба да биде реорганизирано за да се справи со овие огромни проблеми. Само дискусиите не се доволни “, истакнуваат авторите.

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top