Home / Uncategorized / Светскиот ден на храната ќе се одбележи и во СОУ „Јане Сандански“

Светскиот ден на храната ќе се одбележи и во СОУ „Јане Сандански“

Исхраната е наше главно помагало. Светскиот ден на храната утре ќе биде одбележан и во СОУ „Јане Сандански“во Струмица, меѓу професорите, учениците и сите заинтересирани.

а1

Со цел да се помогне на нашиот сограѓанин, младото 17 годишно дете кое боледува од целебрална парализа, иницијативно од страна на Младински Совет, утре со штанд ќе се создаде хуманитарна атмосфера.

Од страна на амбициозните ученици во паралелката II-5, заедно со нивниот класен раководител Анита Станковска, храната повторно ќе биде на трпеза во ходниците на нашето училиште, домашно подготвена и вкусна.

а2

Тие очекуваат позитивни вибрации и поддршка од целото училиште, па и надвор од него. Не заборавајте, насмевката е најубава каде што храната е најслатка. Трпезата полна со домашно направена храна, ќе владее низ ходниците во средното училиште, каде учениците и професорите кога ќе пробаат малку, можеби ќе посакаат и повеќе.

Иако човекот може да издрже и до 70 дена без храна, ние ја славиме како едно наше главно помагало!

Секоја година, 16-ти окто­мври е посве­тен на сите гладни непо­знати при­ја­тели ширум пла­не­тата, но со оглед на секојдневните околности и проблеми секоја средина има сопствени точки накои треба да посвети внимание. Со оглед дека нив­ниот број посто­јано се зго­ле­мува, ста­нува сѐ пова­жно одбе­ле­жу­ва­њето на овој ден и потре­бата од наша вклу­че­ност во акци­ите за нивна помош.

Фак­тот што ние живе­еме во подо­брата поло­вина од земјите не треба да не направи бес­чув­стви­те­лни и неми на туѓата несреќа.

При­чи­ната за оваа состојба се неста­би­лноста на цените на хра­ната, екстремните вре­мен­ски услови, демо­граф­ските трендови и вој­ните. Во овој мом­нет, на пла­не­тата живеат повеќе гладни луѓе од било кога, а нив­ниот број расте рапидно. Затоа СОУ „Јане Сандански“, со оваа акција сака да покаже дека пораката е јасна и да се насочи кон реализација на едно хуманитарно дело со кое ќе се помогне на наш сограѓанин, а истовремено ќе се проговори за сите овие клучни проблеми кои се чинители за одбележување на овој Светски ден.

СОУ “Димитар Влахов“ ќе го одбележат „Светскиот ден на храната“

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top