Home / Инфо / Модниот дизајнер Оскар де ла Рента почина на 82 години

Модниот дизајнер Оскар де ла Рента почина на 82 години

Оскар де ла Рента, еден од најталентираните модни дизајнери во текот на речиси половина век, почина во понеделник на 82 години. Неговите класични силуети беа барани како од сопругите на американските претседатели, така и од ѕвездите во Холивуд, потсетува “Ројтерс”.

2014 Medal Carnegie Hall Of Excellence Gala Honoring Oscar De La Renta - Concert

Според “Њујорк тајмс” причината за неговата смрт е компликација предизвикана од рак.

Де ла Рента е роден во богато семејство во Доминиканската Република и заминува за Шпанија да учи уметност. Но таму е привлечен од модата и започнува да работи заедно со шпанскиот дизајнер Кристобал Баленсиага.

Неговото име станува познато во 60-тите години, кога започнува да ја облекува Жаклин Кенеди и ја основа својата компанија во Њујорк во 1965 година.

o2

Оскар де ла Рента беше познат како еден од креаторите на класични стилови во индустријата, карактеристични со елегантната женственост кај долгите здолништа и дезени со цветни мотиви.

Последното попознато негово дело е венчаница на Амал Клуни за нејзината венчавка во Венеција минатиот месец со познатиот холивудски актер и режисер Џорџ Клуни.

o4

Дизајнерот беше близок пријател со највлијателната главна уредничка на њујоршкото списание “Вог”, Ана Уинтур и со актерката Сара Џесика Паркер.

“Колку е тажно што изгубивме таква легенда. Оскар де ла Рента, ти благодарам за убавината и инспирацијата кои ги делеше со нас”, напиша Нина Гарсија, креативен директор на “Мари Клер”.

o3

Во октомври Де ла Рента го назначи Питер Копинг, креативниот директор на “Нина Ричи”, на истата позиција во својата компанија, формирана специјално за непречена транзиција кон новото раководство и идеи. Покрај облека, брендот Оскар де ла Рента нуди чевли, чанти, накит, декор и козметика.

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top