Home / Мода / Пролетната колекција 2014 на Jil Sander

Пролетната колекција 2014 на Jil Sander

Ви ја претставуваме пролетната колекција 2014 на Jil Sander
-интелектуална елеганција на 90-те

Кралицата на чистината, господарка на едноставноста, Jil Sander во оваа колекција не враќа во 90-те.

н1

Минимализам. Видовме сè што и очекувавме од неа: капути со чисти линии, јакни без околувратник со нагласени раменици, струкирани сакоа, припиени миди здолништа и фустани со доза плус на сексапил во кратките топови и длабоките изрези. Доза на маскулиност видовме во обувките и сандалите на платформа, кратки панталони кои ја нагласуваат линијата на телото.

н2
Во однос на боите: тешки и нежни истовремено – бела, црна, розева, бледо-жолта и сиво-зелена, додека во принтот беше вдахнена уметноста на Alighiero Boetti.

н3
По ревијата беше тешко да се замисли како Jil веќе има 70 години – моделите како и обично беа современи, софистицирани, што значи Jil никако не погрешила што се вратила во свој сопствен проект. Меѓутоа деновиве таа уште еднаш го напушти местото како креативен директор на брендот, по само една година од триумфалното враќање на сцената. За дизајнерката ова е веќе трети пат како го повлекува овој потег, но овој пат од лични причини.

н4
Сеуште нема објавено кој ќе го замени местото, па на следната колекција ќе работи тимот на модната куќа. Alessandro Cremonesi – извршниот директор на брендот изрази огромна благодарност за сè што направи дизајнерката за модната куќа со што нејзиниот дизајн одигра одлучувачка улога во афирмацијата на името на брендот.

kokok

кликни на сликата за подобар преглед

За Strumica Online пишува: Ана Марија Јованова

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top