Home / Uncategorized / Боно настрада сериозно по паѓање од велосипед

Боно настрада сериозно по паѓање од велосипед

Фронтменот на U2, Боно претрпе две операции. Тие се наметнале како единствено решение поради бројните фрактури кои ги здобил по паѓањето од велосипед во Централ парк во Њујорк.

bono

Направените рентгенски снимки и истражувања покажале фрактура кај левото око, кршење на три места на левото рамо и фрактура на левиот лакт, коската е искршена на шест делови.

Операцијата за повредата на лицето, ослободувањето на приклештен нерв и поставување на три ламели и 18 штрафа траело 5 часа. Потоа му била направена уште една операција – поради фрактурата на левото рамо.

Според лекарите Боно ќе има потреба од терапија, но се очекува целосно да закрепне. Музичарот се повредил додека се обидувал да избегне друг велосипедист. Поради инцидентот U2 го одложија учеството во вечерното телевизиско шоу.

Агенциите коментираат дека неодамна Боно останал неповреден откако на неговиот приватен авион за малку не се откачила вратата при слетување на Берлинскиот аеродром.

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top