Home / Мода / Императорот на стилот: Џорџо Армани

Императорот на стилот: Џорџо Армани

Еден од најдобро облечените мажи во светот им помогна на многу мажи и жени да се облечат со стил. И од тоа направи богатство!

MUGgarmani

Џорџо Армани е роден во Пјаченца, Италија. Првично студирал медицина и требало да стане доктор, како што сакал неговиот татко. За среќа, се откажува и започнува работа како фотограф, а потоа и како моден дизајнер. Во тоа време татко му воопшто не бил задоволен од тоа негово решение.

Во 1961 година Армани почнува да работи во модната куќа на познатиот Нино Черути. По десет години ја напушта таа работа и станува дизајнер со слободна пракса и работа. Во 1974 година заедно со својот партнер Серџо Галеоти ја основал компанијата Giorgio Armani. Денес брендот е познат во целиот свет со јасно линии и прецизно скроена облеката. Армани постигнува меѓународен успех благодарение на својата работа за многу холивудски личности. Обележје ќе остане неговата работа за Ричард Гир во филмот “Американско жиголо”.

Italian fashion designer Giorgio Armani

Армани е прогласен за “најдобро облечени еколог” од Sustainable Style Foundation. Во 2006 година “Форбс” повторно го прогласува за најуспешниот италијански дизајнер. Неговата финансиска состојба минатата година е пресметана на повеќе од 4 милијарди долари и продолжува да се зголемува.

Џорџо Армани создал бројни линии и колекции во текот на годините, меѓу кои се:

Armani Exchange (AX) – колекција по пристапни цени, основана во 1991 година, која се продава во 110 бутика ширум светот. Идејата е да се произведуваат евтини стоки од брендот “Армани” за помладите луѓе. Но поради големата популарност во изминатата деценија, цената на овој бренд повторно се зголемила.

Giorgio-Armani_dentro

Armani Jeans. Втората и најевтина линија на Армани, кој претставува збирка од тексас модели. Еден пар фармерки може да се купи за околу 175 евра.

Emporio Armani. Инспирирана колекција од младоста, но е наменета за помладите “возрасни”. Во рангирањето на цените на модните парчиња се рангира на третото место и се продава во повеќе од 160 бутика, што ја прави највообичаена линија на Армани.

Armani Junior. Линија со детска облека. Кога клиентите на Emporio си имаат деца, тие природно, сакаат да ги облекуваат исто во “Армани”.

??????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????

Armani Collezioni. Се наоѓа во горниот крај на рангирањето на Џорџо Армани и нуди облека за деловни дами и господа. Или за возрасни и побогати, ако сакате. Во Америка се нуди само во скапите и големи продавници, како и во 13 бутика во светот.

Giorgio Armani. Трговската марка на Армани, која всушност е првата и најскапа од сите. Достапна во 75 бутика во светот.

Armani Privе. Линијата за висока мода на Армани. Наменета само за жени, не може да се купи во продавниците, се шие по нарачка по многу висока цена. И при тоа се мисли за навистина висока цена.

Armani Cosmetics. Линија производи за убавина – нуди декоративна козметика, нега на кожата, парфеми и тоалетни води. Може да се најде насекаде.

Заедно со тоа Армани инвестира и во софистицираната прехранбена индустрија. Освен да изгледате добро, треба и да се храните исто толку добро. За целта на располагање се 14 Emporio Armani и Armani Jeans кафулиња во светот. Како и Armani Bar во Хонг Конг и два нови ресторани NoBu & Prive кои може да се најдат во различни држави. Има и книжарница (Armani Libri) и цвеќара (Armani Fiori). Под името “Армани” ќе најдете и компанија за конфекција, позната како Armani Dolci.

arm

Armani Casa. Најновиот бренд. Презентира колекцијата за мебел – мебел, ламби, постелнина и сервиси. Home Collection е скапа и луксузна колекција: една фотелја ќе ве чини околу 10 илјади долари. Armani Casa се продава во неговите сопствени 40 продавници во светот или кај дистрибутерите, какви што ги има неколку на Балканот.

Кон ова може да ги додадете и сите други производи кои не се облека, како очилата на пример. И сите тие имаат огромен успех, што е случај секогаш кога станува збор за Армани. Произведува часовници и накит. Додатоци и чевли. Но, независно од тоа колку многу различни производи создава, кај сите нив секогаш има една магична Armani нијанса. Никогаш ништо премногу и секогаш во стилот на високата класа и високиот квалитет. Ако сте купиле пред десет години зимски капут од црн кашмир од “Армани” можете уште да го носите.

Компанијата дизајнира и ексклузивни внатрешни решенија за автомобилите на Mercedes. Како и заштитни шлемови за велосипеди. Во февруари оваа година Џорџо Армани изјави дека е подготвен да го продаде својот бренд и делото на својот живот. Царот на стилот сака да се повлече.

Единствениот достоен да го заземе неговото место најверојатно е LVMH (Louis Vuitton Molt Hennessy). Но, ако имате мало богатство на располагање, ви предлагаме да му се јавите и да станете новиот император на стилот.

Јохан Карлсон

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top