Home / Uncategorized / Совршена градска куќа

Совршена градска куќа

Сте се запрашале ли како изгледа совршена градска куќа? Дали треба да е голема или мала, на еден или два ката и кој е најсоодветен стил за нејзиниот ентериер?

a2

Архитектите од студиото Design Atak се обиделе да одговорат на сите овие прашања, со претставување на еден 3Д проект, во кој се потрудиле да покажат како изгледа совршената куќа за голем град или провинција.

a1

Проектот е наменет за семејство кое сака да живее во дом со светол и модерен ентериер кој ги задоволува нивните потреби. Доминантен материјал во ентериерот е даб. Ентериерот е светол и елегантен, со природни нијанси на дрвото и светли бои кои во комбинција со антрацит создаваат интересен контраст.

a3

Куќата е со средна големина, на два ката и се состои од голема и свежа дневна со камин, кујна со трпезарија, простор за релаксирање, работен простор, тоалети и спални соби. Големите прозори и стаклени врати ја поврзуваат куќата со градината и овозможуваат изобилство од светлина да навлезе во домот.

a4

a5

a6

a7

Дипломиран инженер архитект на Универзитетот Американ Колеџ, Факултет за архитектура и дизајн , кадешто ги заврши и магистерските студии. Родена во Струмица, но живее во Скопје и работи во проектанското биро ''Иванов инженеринг''.

Comments are closed.

Scroll To Top