Home / Uncategorized / Градина во дневната соба

Градина во дневната соба

Растенијата во ентериерот вообичаено се поставени покрај прозорите, по аглите на просторијата или на полица. Благодарение на францускиот дизајнер Пол Белили од сега може да го одгледувате вашето омилено цвеќе во центарот на вашата дневна соба.

g1

Дизајнерот има направено два модели од ова необично парче мебел – Вулкан и Лагуна

Моделот „Вулкан“ е баланс помеѓу функционалноста и естетиката, а со својата бела завршна обработка дава чувство на чистота и свежина во вашиот дом. Моделот „Лагуна“ пак е функционална масичка со едноставен дизајн, со сад за цвеќе од емајлирана керамика.

И двата модели на масичка се достапни на пазарот во неколку бои, лакирани или со дрвена завршна обработка. За полесно одржување, садот во кој се сметува растението може да се вади.

g2

Ако немате време или услови за одгледување на сопствена градина, тогаш оваа иновација е совршено парче мебел за вас и вашиот дом.

Дипломиран инженер архитект на Универзитетот Американ Колеџ, Факултет за архитектура и дизајн , кадешто ги заврши и магистерските студии. Родена во Струмица, но живее во Скопје и работи во проектанското биро ''Иванов инженеринг''.

Comments are closed.

Scroll To Top