Home / Бизнис / Иванка Трамп за жените и мажите во бизнисот

Иванка Трамп за жените и мажите во бизнисот

Ќерката на Доналд Трамп – 33 годишната Иванка, започна нова модна бизнис иницијатива во САД, за која раскажува сајтот Business Insider.

Ivanka Trump & Jared Kushner Wedding

Тие објавија интервју со наследничката на најголемиот бизнис магнат, која работи како извршен потпретседател за спојувања и превземања во The Trump Organization. Освен тоа е сопруга и мајка на две деца. Спортист-аматер – џогира за здравје, игра голф. Нејзината нова иницијатива се појави под хаштагот #WomenWhoWork и го промовира сајт за канцелариска (бизнис) женска облека.

Запрашана што мисли за вработените жени, таа вели дека тие страдаат од стандардните стереотипи – никој не зборува за “вработените мажи”, а кога жените се нарекувани така, се наметнува негативна смисла. Според неа да си жена понекогаш може сепак да биде предност – на пример, ако си на работна средба со банкари, од кои повеќето се над 50-годишна возраст. Во овој случај не е лошо што се издвојуваш.

Ivanka-Trump-003

“Живееме во интересни времиња. Работата се менува за мажите толку колку и за жените. Мажите веќе очекуваат и сакаат да бидат дел од животот на децата. Живеат поинаку во споредба со своите татковци”, вели Трамп. Таа смета дека различното во бизнисот денес е дојдено од технологијата. Пред 20 години меѓу работата и домот имало многу јасни граници, сега е многу различно, луѓето праќаат пораки во 23 часот. Има спојување на професионалната реалноста и личната.

“Луѓето се премногу опседнати со идејата за рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот. Балансот е состојба која се постигнува само за кратка секунда. Неизбежно врската се наклонува. Наместо да се фокусираме на совршената рамнотежа, би сакала да го правам во насока на моите приоритети”, вели таа. “Од гледна точка на вметнување на граници, ако планираат работно патување, знам да не резервирам билети ноќта пред патувањето, бидејќи сакам да сум со своето семејство. Некои недели се подобри од другите. Ако ми претстои договор во бизнисот со недвижнини, може да работам 3 недели интензивно. Потоа имам други моменти како овој ќерка ми Арабела да се разболи, во кој ја менувам динамиката. Животот е маратон, не спринт. Зависи од пристапот, а тој е да имаш можност да го гледаш како посеопфатна слика”, продолжува таа.

Ivanka-Trump-Copyright-Lawsuit1-e1355442541955

Запрашана каква е дефиницијата за нејзиниот успех, таа вели дека тоа и било среќата. Човек не може да се смета за вистински успешен, ако не е среќен да биде тоа што е и да го живее живот. На професионален план успехот е да се одреди што сакаш да правиш и да го правиш тоа денес. “Познавам многу генијални луѓе кои никогаш не успевале да ги достигнат своите цели, бидејќи другите работат со повеќе страст, поупорно и се многу поусмерени кон својата цел”, додава уште Трамп.

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top