Home / Мода / Единствени три парчиња „накит“ кои мажите треба да ги носат

Единствени три парчиња „накит“ кои мажите треба да ги носат

“Колку повеќе сте лишени од детали, толку е тоа подобро”. Тоа е естетиката за мажи, која ја поддржува авторот на Business Inisder Денис Грин. Според него кога станува збор за машки накит и додатоци, “малку е многу”, а тоа треба да бидат најмногу три на број: убав часовник, добар пар копчиња за ракави и ако е женет маж – неговиот брачен прстен. Ништо повеќе.

men

Зошто? “Освен ако не е филмска ѕвезда, професионален спортист или пират, малку е несоодветно за современиот маж да покаже нешто поекстревагантно од овие три украси”, смета авторот. Тој пишува дека обетките, металните ланци и дури и гривните изгледаат излишно на повеќето претставници на посилниот пол. Со овие непотребни дополнувања на личниот стил мажот дава идеја дека мислел за својот изглед. Така тој почнува да личи повеќе на Тони Сопрано, отколку на Џејмс Бонд.

Во исто време, тоа не значи дека машките додатоци треба да бидат здодевни. Има доволно можности да се упатат пораки преку нив. Постојат милиони видови рачни часовници, како и копчиња за секој вкус под сонцето.

Ако најдете машки скапоцен камен, што одговара на вашиот личен стил и мислите дека дава повеќе сила на вашата претстава, искористете го и бидете храбри! Светот познава мажи како Џони Деп, кои умеат да го прават тоа. Но секогаш имајте на ум дека вашиот вкус може да не одговара на конзервативната средина во која работите. Особено ако сте во финансиска компанија, продолжува авторот.

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top