Home / Uncategorized / НАУКА: Стивен Хокинг развива нова теорија за потеклото на универзумот

НАУКА: Стивен Хокинг развива нова теорија за потеклото на универзумот

Иако е веќе во поодмината возраст и со тешка здравствена состојба, Стивен Хокинг не престанува да работи. Британскиот физичар неодамна објави дека подготвува нова теорија за потеклото на универзумот, која е повеќе сеопфатна од оваа за Хигсовиот бозон, а тоа станува јасно од негов пост на социјалната мрежа Facebook.

iven

Заедно со Томас Хертог од Белгија, развиваат теоријата според која гравитационите бранови од Биг Бенг се шират низ целиот космос. Ова е веќе можеби забележано преку радиотелескоп на Јужниот Пол. Можно е и сигналот да е предизвикан од вселенска прав. Ако забелешките се потврдат, тоа ќе отвори нов поглед кон вселената, а откритието ќе биде позначајно од тоа на Хигсовиот бозон, дополнуваат другите научници.

Минатата година група научници објавија дека регистрирале примарни гравитациони бранови, но подоцна тврдењето било откажано, откако нивните колеги ги оспориле нивните тврдења со образложение дека тоа е поларизиран ефект на галактичен прав, наместо “потреси” од Биг Бенг.

ПРОЧИТАЈ: Научниците се откажаа од тезата за траги од Биг Бенг

Постоењето на слични гравитациони бранови ќе помогнат да биде потврдена теоријата за „инфлацискиот модел“ на вселената, според кој универзумот се проширил драстично во првиот момент од своето постоење. Кога за прв пат била понудена, оваа теорија била прифатена доста дискутабилно. Но сега се повеќе и повеќе научници велат дека ова е најдобриот начин да биде објаснета Големата експлозија.

ПРОЧИТАЈ: Проф. Мичио Каку за „теоријата за сè“

Стивен Хокинг се смета од многумина за најголемиот научник на нашето време. Деновиве во кината, после Оскарите е актуелен и биографскиот филм “Теоријата на сè”, кој го претставува неговиот живот,а и самиот тој го поздрави како одличен. Изведувач на главната улога е Еди Редмејн.

ДОПОЛНИТЕЛНО:

Внимавајте со вештачката интелигенција!

Историјата на Стивен Хогинг излезе на големото платно

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top