Home / Uncategorized / Топови вперени во небото

Топови вперени во небото

Пентахаус на три нивоа, на деветти спрат во штотуку изграден објект. Ова е најновиот проект на архитектонското студио DW5.

a1

На првото ниво на пентхаусот се наоѓа салон со дневна соба, трпезарија, спална соба и кујна. На мезанинот се наоѓа библиотека до која се стасува преку челичен мост кој лебди над дневната соба. На третото ниво од овој луксузен апартман е сместена тераса со базен како и гостинска соба и соба за послугата.

a2

И токму овој кат го прави апартманот посебен и малку чуден. На калканските ѕидови се снместени два топа кои се вперени кон небото. Секако, не станува збор завистински топови, но сепак се многу впечатливи симболи. Станува збор за еден вид фарови кои го осветлуваат Бејрут (градот во кој што се наоѓа пентахаусот) и светлосните млазови се пресекуваат над сите околни објекти за дане ги вознемируваат луѓето. Апартманот е проектиран врз основа на неговата местоположба во градот и географската одредница. Сместен е на поранешната демаркациона линија која го делела источен од западен Бејрут.

a3

Вообичаено за објектите е тоа што се ориентирани кон морето, додека овој апартман му го врти грбот на морето.
За изградба на станот се употребени многу традиционални материјали а со специфични градежни зафати успешно се споени плочите од челик со дрво, посебно во приемниот дел на апартманот каде ѕидовите, подот и плафонот се изработени од дрво.

a4

Челичниот систем кој е во фокусот на дневната соба на кој се псотавени климата и уредите за вентилација го прават плафонот да изгледа како уметничка инсталација.

a5

”Уметничката инсталација“ се состои од многу тврди структури дизајнирани во координација со машински инженер.Еден дел е изведен од гипс обоен во црно со цел да се добие неконвенционален облик и современ изглед и ваквата обработка на плафонот не враќа во времето кога плафонот беше дел од дизајнот на целата просторија.

a6

Како и да е, овој пентахус станал познат по својот специфичен архитектонски израз и своите топови кои го пресекуваат небото и им даваат магија на ноќите во Бејрут.

Дипломиран инженер архитект на Универзитетот Американ Колеџ, Факултет за архитектура и дизајн , кадешто ги заврши и магистерските студии. Родена во Струмица, но живее во Скопје и работи во проектанското биро ''Иванов инженеринг''.

Comments are closed.

Scroll To Top