Home / Галерија / МОДА: Крстоносниот поход на Герет Пју

МОДА: Крстоносниот поход на Герет Пју

Екстравагантниот англиски дизајнер Герет Пју и оваа година не направи измени во модниот стил кој го промовира.

p1

Префериран од пејачки увезди како Лејди Гага и Ники Минаж дизајнерот ја претстави својата колекција есен / зима 2015 на модната недела во Лондон. Авангардно, театрално, возбудливо, пистата ги остави воодушевени сите во публиката.

p27

Ова е негово триумфално враќање во музејот на Викторија и Алберт. Шоуто беше отворено со проекција на филм, во кој жена се капи црвеникава, мрачна светлина, пропратена со темнината која го покрива целиот простор. Морничаво, полно со симболи, овие музи и пркосат на стандардната убавина. Црвениот крст на Свети Георгиј, поставен на лицето, рацете и градите е носечки симбол на моделите. Пју е провокатор кој создава колекции по долг процес на преиспитување, а она што можеме да го видиме во неговата последна колекција е армија од жени воини.

p19

Крунисаната црвено-црна крстоносна војска прави војна со модерната убавина и телото кое како оклоп се користи да ја затресе големата сала не чекајќи на светлата да се зголемат, оставајќи ги без здиз посетителите.

Ритуално, со спектакл на силуети, крзна, метал, боцки, кожи и лебдечки, магични свили, Пју тешко се вклопува во секојдневната модна слика, а многу повеќе е вкоренет во неговиот инспиративен наратив и туркањето на неговиот творечки порив за потрага во новото, непознатото.

p21

Морничава музика, гласови и крикови од војна, плачење, тој како да застанува лице во лице со сопствената кариера, со сопствената желба за прогрес. Соочување кое ретко кој во модерната модна индустрија сака да го направи, обично сите се во борба со тоа да станат допадливи на пазарот.

Гарет Пју останува да и пркоси на таа слика на согласност со она што ги привлекува сите и ја покажува неговата моќ дури и во завесите кои на посебен начин го сечат концептот, но иако се коси со вообичаените стандарди тој има поголема легијата на продажба и неговите наметки кои се симбол на сила и моќ го издвојуваат од другите, со што успешно дебатираше и на модната сцена на Истокот.

p18

Герет Пју е една од светлите точки во креативната, вонземска модна индустрија. Погледнете ја неговата колекција!

p23

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top