Home / Uncategorized / Лебдечка патека

Лебдечка патека

Вообичаено формата ја следи функцијата, но понекогаш формата ја следи забавата.

a1

Понекогаш поетика во просторот е токму тоа што ни треба. Има идеи кои произлегуваат од потребата во одреден момент. Со една прекрасна пешачка патека која лебди во просторот, полското студио Zalewski успеало да донесе радост и магија во досадната и грда административна зграда во градот Гливице, Полска.

a2

Патеката над внатрешниот двор на зградата е израз на едноставна, но значајна идеја. Прво, овој креативен проект го рефлектира глобалниот архитектонски тренд – враќање кон природата. Проектот ја отелотворува идејата дека ни е потребно бегство од урбаното угнетување и ја враќа назад едноставноста на природата во нашето секојдневние. Ако бесконечната димензија на дивината и природата можат да бидат застрашувачки за жителите на градот, овде тоа е врамено во човековиот ум – факт кој го поттикнува нашиот инстинкт за преживување.

a3

Без непотребен бетон, лебдечката патека е нешто повеќе од евоцирање на мечтаењето преку ден. Патеката е материјализација на визијата која ја имаат луѓето додека работат во досадна средина, заробени во канцеларија во текот на убавите летни денови. Тогаш умот почнува да лута по заоблена патека слична на оваа, лесно подвижна кон небото.

Дипломиран инженер архитект на Универзитетот Американ Колеџ, Факултет за архитектура и дизајн , кадешто ги заврши и магистерските студии. Родена во Струмица, но живее во Скопје и работи во проектанското биро ''Иванов инженеринг''.

Comments are closed.

Scroll To Top