Home / Инфо / Елена Лука отвара модно ателје во Струмица

Елена Лука отвара модно ателје во Струмица

Успешната приказна на Елена Лука продолжува и во Струмица

elena

Модна приказна на брендот Елена Лука отсекогаш била интимно поврзана со градот Струмица, од каде и потекнува генералниот менаџер Елена Пандева. Затоа, неслучајно овој град е следна дестинација каде модната куќа ќе го отвори своето ново ателје како неминовно изненадување за струмичани.

Во центарот на градот ќе се расплете една нова современа приказна која ќе ја раскажува модата во едно уникатно поглавје.

Елена Лука доследна на својот стил и сензибилитет, ќе и’ го доближи својот уникатен дизајн на најкритичната публика, токму поради фактот што е домашна. Во автентичен амбиент кој ќе го рефлектира препознатливиот профил на афирмираниот бренд, струмичани наскоро ќе имаат можност да го купат своето омилено парче од омилениот бренд.

елена

На две нивоа, во пространа атмосфера ќе бидат изложени уникатни дизајни од Елена Лука меѓу кои и урбани матурски фустани, раскошни свечени тоалети, магични венчаници, но и модерни минималистички парчиња за деловните дами.

Исто така, во рамките на ателјето ќе функционира и производствен сектор каде ќе можат да се изработуваат сите креации по мерка на клиентите. Новите почетоци ветуваат убави нешта. Елена Лука се врати дома со големи изненадувања за струмичани!

Ателјето ќе биде отворено 18-ти март во 19 часот на Бул. Маршал Тито бр. 20 – Струмица

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top