Home / Мода / МОДА: Сексипилноста во невестинската креација „Единствена“ на Нена Конели

МОДА: Сексипилноста во невестинската креација „Единствена“ на Нена Конели

Со сигурен чекор, елегантно и гламурозно движење, само за вас почитувани, моделот Софија Каракаева ни ја претставува креацијата „Единствена кралица“. Откинато парче уметност од колекцијата „Единствена“, префинет изглед кој свежиот младешки изглед на Софија Каракаева го носи на себе како втора кожа претворајки ја во ЕДИНСТВЕНА КРАЛИЦА, а венчаницата во ремек дело!

STE_4936

Колекцијата „Единствена“ е уметнички и моден израз на Нена Конели, дизајнерка која првите обиди за креирање и создавање ги прави на свои 15 години. Желбата за создавање на уникатни и препознатливи креации ја продлабочува со стручно усовршување на академијата за моден дизајн, каде што ги усовршува сите вештини во создавањето на модерни и уникатни креации. Денеска нејзиното долгогодишно искуство во оваа работа, ни претставува една инспиративна девојка со совршен спој на талент, младост и изострено око за елеганција, стил и префинетост.

Нена Конели својата љубов ја преточува во создавање на нежни и раскошни невестински креации, а посветеноста при нивното создавање, со исклучително внимание на деталите, се доволни за Вие комплетно да се препуштите на нејзината креативност и вешти раце. Таа неретко ќе каже: „За мене моделирањето е начин на работа, единствена алатка која што ја користам во потрага по совршенство и убавина на телото. Мојот предизвик е да ја вметнам креативноста на начин што ќе ги поврзам традицијата и иновативноста.’’

Венчаницата на Нена, „Единствена кралица“, се карактеризира со вешто изработени детали и перфекционистички пристап кон неа, што и самото име укажува на тоа дека е ЕДИНСТВЕНА. Таа е безвремена, холивудски гламурозна со длабоко деколте во “V” – форма и линија на песочен часовник. Елегантна и блескава венчаница со богати форми, прави линии и волуминозни обемни слоеви од органтин во долниот дел. Изработена од мрежа испрскана со кристална прашина и врз неа рачно извезена чипка, накитена со карактеристични кристали. Прерамките исто така прекриени со кристали, се спуштени на рамениците, истакнувајќи ги бедрата на невестата. Задниот дел на венчаницата е затворен со шнирање и ги следи истите линии на “V” – форма.

Во колекцијатa ќе можете да видите дел од уметноста на високата мода и внимателно одбрани матријали. Силуетите се исклучително женствени, софистицирани и елегантни. Инспирирана од везовите на 50те години, тие се рачно украсени со кристали и бисери коишто ја истакнуваат убавината на женското тело. Текстурите се раскошни: Единствениот специјален ефект го дава ѕвездената светлина на кристалите споена со чипка, свила, сатен, тул и органтин кои дополнително ја истакнуваат убавината на женската силуета. Везовите, чипката, бисерите и кристалите пак ја спојуваат грациозноста, гламурот и благородната елеганција.Употребени се едноставни и безвременски бои :бела, шампањ, бисерна, крем и слонова коска. Колекција од соништата во која материјалите имаат главна улога во создавање на уметнички луксуз. И со тоа ја прават оваа колекција пример за безвременост, држеќи се до гламурот, истовремено задржувајќи ја традицијата на најромантичниот ден.

Бидете Единствена. Нена Конели, за девојка со стил и самодоверба, за невеста која плени, за жена која цврсто чекори кон својот успех.

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top