Home / Галерија / Сара Џесика Паркер полни 50 години

Сара Џесика Паркер полни 50 години

Сара Џесика Паркер е американска театарска, кино- и телевизиска актерка од еврејско потекло, добитничка на две награди “Еми” и четири награди “Златен глобус”. Денес таа полни 50 година.

s3

Иако нејзината кариерата тргнува во раната возраст уште како дебитант во театарот, балетот и киното, нејзината најголема популарност ја донесува улогата на “сексуалната антрополошка” и новинарка Кери Бредшо во серијата “Сексот и градот”.

s2

Паркер е родена на 25 март 1965 година во Нелсонвил, Охајо во САД. Нејзината мајка е со германски, а нејзиниот татко – со источноевропски корени, а нејзиното семејство има 8 деца.

s4

Уште од дете семејството ја подготвува на Паркер за уметничка кариера и се сели од држава во држава поради различните балетски и актерски школи кои таа ги посетува.

s1

Благодарение на тоа Паркер ја добива првата главна улога на Бродвеј – Ени во истоимениот мјузикл “Ени”, уште на 17 години.

Нејзината улога на Кери Бредшо во серијата “Сексот и градот” во 1998 година, сепак, ја претвора во ѕвезда од сосема друг калибар. Направен по истоимениот роман на новинарката Кендис Бушнел, тој го следи романтичниот живот на четири жени во Њујорк.

Освен што станува женственоста и сексуалноста главен фокус на филмот, серијата ги претвора главните хероини, а особено Сара Џесика Паркер во модни икони благодарение на стилистката на серијата Патриша Филд.

Токму Бредшо, која ја познава Филд од 1995 година, ја поканува да го создаде стилот на хероината Кери во “Сексот и градот”. Модните дизајнирани предлози кои ги носи всушност и помагаат многу во усвојувањето на 4 награди на еснафот на дизајнерите и пет номинации за “Еми” во категоријата за костуми.

s8

Паркер, на која не и е воопшто непозната модата, во 2007 година ја создава сопствената линија на облека и додатоци под името “Битен”, освен тоа има колекција на чевли и неколку парфеми.

За разлика од хероина која ја глуми, таа сепак има поголема среќа во љубовта и се жени за колегата Метју Бродерик уште во 1997 година.

s5

Нивниот син е роден на 28 октомври 2002 година и го носи името на таткото на Бродерик – актерот Џејмс Уилки Бродерик.

На 22 јуни 2009 година се раѓаат близначките Марион Лорета Елуел и Табита Хоџ, носени од сурогат мајка.

Самата Паркер има над 20 статуетки како актерка и продуцент во телевизија и во филмови, меѓу кои се вбројуваат златни глобуси и наградите на американската актерска академија. Во нејзината колекцијата сепак има и неколку “златни малинки”, главно за кинопродолженијата на “Сексот и градот”.

s7

По серијата и филмовите Паркер зема учество во неколку добро прифатени од критиката претстави на off-Бродвеј, како и во филмот The Family Stone, за кој ја добива номинација за најдобра комична актерка на “Златен глобус”, овој пат во киното.

Во телевизијата се појавува како гостин во серијата “Клуб Веселба”, а со сопствената компанија продуцира и веб серија за HBO, која раскажува за животот зад сцената на њујоршкиот балет.

s6

Во имагинацијата на публиката сепак актерките од “Сексот и градот” тешко дека некогаш ќе излезат од чевлите на познатите си хероини.

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top