Home / Uncategorized / Инстаграм архитектура

Инстаграм архитектура

Под псевдонимот Le Blanc, фотографот Sebastian Weiss ја користи апликацијата Инстаграм за да фотографира објекти кои ги посетува на своите патувања низ Европа. Некои од фотографиите се само впечатливи детали од објекти, некои се цели фасади на објектите, но целта на сите фотографии е да ја апстрахира архитектурата од својот контекст (околината во која се наоѓа објектот.)

a1

Фотографот верува дека неговите дела се нова репрезентација на архитектонската фотографија која е во подем поради популарноста на социјалните мрежи.

Целта на моите фотографии е да се апстрахираат урбаните форми. Се трудам да ги ослободам објектите од товарот на нивниот контекст и околина, кршејки ја сликата на градот. Во потрага сум по интеракција на форми, материјали и структури.

a2

Секој град има свој архитектонски јазик, свој сопствен речник, синтакса и интонација. Фотографот вели дека е фасциниран од безбројните архитектонски аспекти на нашето урбано живеење и е радосен кога има можност да открива нови букви и зборови.

Анализата низ фотографии на објектите во различни периоди од денот и од различни перспективи е слична на истражувањето на ономатопејскиот спектар на зборот кога тој е конјугиран, кога е деминутив или кога е користен во различни ситуации.

a3

Фотографот е роден во Германија и повеќе од 20 години работел како дизајнер во дигиталната индустрија. Како студент по градежништво и архитектура бил инспириран од различните агли на објектите и од нивната конструкција. Ова го однело до Факултетот за уметности во Берлин каде истражувал за врската помеѓу технологијата, архитектурата и дизајнот. Во овој период се развила и растела неговата страст за архитектонската фотографија.

Вели дека е фасциниран од директната комуникација помеѓу корисниците на Инстаграм и можноста за дирекна размена на фотографии преку новите смарт телефони.

a8

a9

Дипломиран инженер архитект на Универзитетот Американ Колеџ, Факултет за архитектура и дизајн , кадешто ги заврши и магистерските студии. Родена во Струмица, но живее во Скопје и работи во проектанското биро ''Иванов инженеринг''.

Comments are closed.

Scroll To Top