Home / Забава / МУЗИКА: Vane Kost за Strumica Online: Clubbers guide to house

МУЗИКА: Vane Kost за Strumica Online: Clubbers guide to house

Почитувани читатели и фанови на Strumica Online, со огромно задоволство сакаме да ве информираме дека на нашата dj листа од денес се придружува и музичкиот продуцент и dj Vane Kost.

vanchek2

Во Струмица има одлични диџеи и музичари кои произведуваат електронски звук. Овој викенд Strumica Online е овде за да ви докаже повторно дека тоа е така.

За вечерашнава музичка презентација на нашата dj листа го додаваме и извонредниот ване Костадинов. Ване Костадинов се занимава со музика веќе 15 години, а многу љубители на електронскиот звук го знаат по неговите моникери Disko Pigg или Vancheck Kkost.

Авторскиот проект со Disko Pigg го започна во 2005 година, а овој артист го инспирираат повеќе стилови како deep house, диско, електро и фанк.

мусиц11

Овој викенд имаме нов гостински диџеј и уште еден извонреден микс. Oва што ќе го слушнете е сосемa поразличен концепт од тоа што го црпи како идеја и музика генерално. Специјално за читателите на Strumica Online вечерва ќе имате можност да слушнете листа подготвена специјално за Вас!

Среќни сме што полека-полека Strumica Online се претвара во пријатно катче во која имате можност да слушнете извонредна листа на артисти кои освен што создаваат музика наменета за нашата струмичка публика, нивните имиња почнуваат да стануваат исклучително важни за глобалната електонска сцена!

Vane Kost’s Clubbers Guide to House – Strumica Online by Disko Pigg on Mixcloud

Следете ги миксовите, ветуваме редовни месечни миксови од познати урбани dj-и и менаџери на електронски забави. Интересот за оваа секција стана голем веднаш штом го споделивме првото парче на нашиот resident dj Igor Cige. Овде некаде се миксовите на: dj Igor Cige, dj Nennat Omen, dj Alex Cvetkov, dj Todoroff, dj Boyan Hadji, Pata Pata recordings, dj Petar, dj Micky, dj Disko Tronik, dj Martin Dimov – сите пријатели на Strumica Online.

Видете кој се` е дел од dj секторот на Strumica Online.

Ние секако ќе бидеме добри и ќе покажеме отворен простор за секој оној професионален dj кој би сакал да сподели свој сет со струмичката публика заинтересирана за клубска музика. Доволно е да го испрати само на [email protected] или кај нас на facebook.

Уживајте, Ви посакуваме убава и пријатна вечер со звуците на Vane Kost! :)

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top