Home / Мода / МОДА: Оваа 83-годишна жена изгледа убаво и одржувано, нели?

МОДА: Оваа 83-годишна жена изгледа убаво и одржувано, нели?

Кармен Дел’Орефиче ги краси насловните страници на разни списанија веќе речиси 70 години. Кога имала неполни 15 години, таа се појавила на насловната на авторитетното модно списание Vogue и со текот на годините таа станувала само поубава, пишува A Plus.

m6

Ја нарекуваат “Најстариот работен модел на светот” и Кармен всушност е таква. Наместо да се бори со годините, таа ги прегрнува. Во последните 15 години била на повеќе насловни на списанија, отколку во сите години пред тоа.

m7

Нејзиното најново претставување за насловната страница на New You е исклучително популарна на интернет и го означи почетокот на дебата за убавината и годините, како и за тоа како убавината може да се роди во истите тие веќе поодминати години.

m3

“Сите се фасцинирани од нејзиното присуство. Нејзината убава бела коса, долги нозе и оваа деликатна и препознатлива насмевка се неодоливи”, пишува во содржината објавена за неа. И всушност, додека многу манекенки ги оставаат своите кариери зад себе уште кога ќе наполнат 23-24 години, Кармен е на пат да го промени начинот на кој општеството ја замислува убавината.

m9

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top