Home / Живот / Неколку мудрости и цитати адаптирани за нашите простори

Неколку мудрости и цитати адаптирани за нашите простори

Луѓето се помалку читаат и се помалку имаат концентрација да го задржат своето внимание на некое поголемо четиво. Она што е во моментот најмногу актуелно е пренесување на старите мудрости и филозофии од колено – на колено, но овој пат виртуелно.

motivation-

Во еден таков двет каде мудроста е инстантна и еспресна она што на повеќето читатели им го привлекува вниманието се имено таквите цитати, мудрости и пораки кои ве задржуваат во еден миг, а потоа ве ослободуваат со капка свежина и медовина на умот. За да не излезе дека Черчил е автор на цитат од Волт Дизни или пак Брус Ли и Чак Норис се помудри од Достоевски, во продолжение прочитајте парафразирани светски познати цитати благодарение на доблеста на Јанко Киров да ги адаптира за twitter и facebook и секако да ги сподели со Strumica Online како полесно би стигнале до сите Вас.

Доколку ви се допаѓаат – слободно споделете некои од нив! :)

  • Убави работи ќе ни се случат само ако веруваме дека ќе ни се случат. Сомневањето е за губитници!
  • Ако на лагата и беа кратки нозете, тогаш скоро сите требаше без нози да останеме.
  • Љубоморните измислуваат мубаети за тебе.Глупите ги шират. А идиотите веруваат во нив.
  • Се додека владеат парите, народот ќе биде слуга.
  • Некои луѓе се многу сиромашни… Замисли, имаат само пари.
  • Ако денот по утрото се познава, тогаш секој мој нареден ден со тебе ми започнува.
  • Непријателот се победува на начин со тоа што ќе ти стане пријател.
  • Битен е успехот а не славата.Се додека сѐ уште некои луѓе мислат и тврдат дека славата е успех…
  • Животот ќе ни создава пречки се додека не земеме еден голем „залет“ и прескокнеме се што ни пречи.
  • Само луѓето без работа имаат време да замешаат прсти во туѓите животи.
  • На сите нас кога-тогаш во животот не зафаќа барем по една „Бура“. Без паника, ние луѓето сме еден голем чадор што може да го издржи и најголемото невреме. Самоверба!
Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top