Home / Uncategorized / АРХИТЕКТУРА: Повеќе небо

АРХИТЕКТУРА: Повеќе небо

Секогаш кога уредуваме мал простор се соочуваме со проблемот како да се обезбеди што повеќе природно осветлување. Овој проблем станува се поголем, посебно во градовите каде интензивно се гради, објектите се неверојатно блиску еден до друг, па да се обезбеди поглед и светло станува речиси невозможно.

љ1

За овој проблем аргентинската архитектка и дизајнерка Aldana Ferer Garsija смислила оригинално и корисно решение. Таа го дизајнирала ”прозорот за повеќе небо” кој со еден потег се претвара во удобен мини балкон, и на своите корисници им овозможува уживање во погледот кон надвор и природното осветлување.

љ2

Прозорот е симболично именуван “Повеќе небо” (More sky) и пред се е наменет за луѓето кои живеат во големите градови и станбени блокови каде високите згради им го попречуваат погледот, но и за оние кои живеат во мали станови без тераси и со малку природно осветлување. Со едноставно проширување на прозорот всушност се проширува и асмата станбена единица па на тој начин барем малку се прикрива недостатокот на малата и ограничена квадратура. Со прозорот се добива идеално место за размилусвање, опуштање и уживање во погледот бидејки стандардната рамка на прозорот за минута се трансформира во простор за седење или лежење.

љ3

Веднаш после објавувањето на овој дизајн, идејата на архитектката оправдано станала доста популарна ширум светот. Па ако се соочувате со мал простор и недостаток на светлина ова е идеалното решение за вас. :)

љ4

Save

Save

Дипломиран инженер архитект на Универзитетот Американ Колеџ, Факултет за архитектура и дизајн , кадешто ги заврши и магистерските студии. Родена во Струмица, но живее во Скопје и работи во проектанското биро ''Иванов инженеринг''.

Comments are closed.

Scroll To Top