Home / Uncategorized / Трендови во ентериерот за 2016 година

Трендови во ентериерот за 2016 година

Без разлика дали ќе се вселувате во нов, ќе го реновирате стариот или едноставно сакате да внесете свежина и нови детали во домот ова се трендовите за 2016 година на кои треба да обрнете внимание.

Одржлив дизајн

а1

а2

Трендовите во културата секогаш имале големо влијание на дизајнот, па годинава се очекува во ентериерите да преовладуваат еколошки елементи. Исто како што одржливиот дизајн успешно се применува во архитектурата, каде формата и функцијата совршено се надополнуваат, така и во ентериерот е важно да се користат елементи кои не само што изгледаат убаво, туку и немаат штетно влијание на околината. Најлесен начин да се постигне тоа е со користење на природните материјали како што се дрво и камен.

Принтови инспирирани од природата

Овој тренд подразбира користење на шари и принтови кои ги среќаваме во природата. Оваа година на голема врата се враќа принтот инспириран од билки, растенија, цветови и животни. Сепак овие принтови треба да се бираат внимателно, а уште повнимателно да се користат, посебно ако се работи за впечатливи дизајни. Затоа најдобро е да имате неколку такви елементи во ентериерот и да се држите до принтовите кои не се разликуваат многу од нивната природна палета на бои.

а3

а4

Сина, сина и сина

Интензивната нијанса на сина боја како кобалтна, морнарска или кралско плава е прав избор за оваа фодина. Овие нијанси слободно можете да ги употребувате во ентериерот, а од вас зависи колку ќе ги истакнете.

а5

За оние кои уживаат во опуштена атмосфера, нема да погрешат ако зидовите ги обојат во сина боја. Сините нијанси дискретно можете да ги употребите во некои декоративни елементи или парче мебел како мало столче или фотелја.

а6

Предмети од метал

Благодарение на способноста да оддаваат впечаток на гламур и префинетост на секој простор, ѕвезда на 2016 ќе бидат металните предмети. Дадете топлина на вашите простории користејки злато или бакар, или елеганција со сребро и хром. Главна разлика во однос на претходните трендови со употребата на металот е флексибилноста во комбинациите. Оваа година нема потреба од користење на еден вид метал како главен елемент, а друг за споредна декорација. Оваа година се е дозволено.

а7

а8

Дипломиран инженер архитект на Универзитетот Американ Колеџ, Факултет за архитектура и дизајн , кадешто ги заврши и магистерските студии. Родена во Струмица, но живее во Скопје и работи во проектанското биро ''Иванов инженеринг''.

Comments are closed.

Scroll To Top