Home / Насловна / ПРОШЕТКА: Од Цареви Кули се чувствува како дише Струмица

ПРОШЕТКА: Од Цареви Кули се чувствува како дише Струмица

Како прилог во весникот Нова Македонија, во рубриката #Ра­ска­жи­Ни­За­Ма­ке­до­ни­ја излезе текст за Цареви кули, Струмица. Во продолжение го пренесуваме текстот:

29012016140520_carevi kuli-banskoliev (4)

Ца­ре­вите ку­ли има­ат кон­ти­ну­и­тет од 6500 го­ди­ни кул­ту­ра. Се­ко­ја ци­ви­ли­за­ци­ја од овие про­сто­ри остави­ла тра­га врз нив и има сво­ја при­каз­на.

Carevi-Kuli-1

На ју­го­за­пад­на­та пер­и­фе­ри­ја на гра­дот, на за­рам­не­ти­от дел на ри­дот, кој мош­не стрм­но се из­диг­ну­ва над Стру­ми­ца, се из­гра­де­ни Ца­ре­ви­те ку­ли. От­ту­ка, од над­мор­ска ви­со­чи­на од 445 ме­три, се рас­по­сти­ла пог­лед на це­ла­та стру­мич­ка котли­на. Из­диг­на­ти во ви­со­чи­ни­те, бе­де­ми­те го чу­ва­ат гра­дот. Од оваа точ­ка се чув­ству­ва ка­ко ди­ше Стру­ми­ца.

Ку­ли­те све­до­чат за исто­ри­ја­та, спо­ме­ни­те, древ­но­ста, рас­ка­жу­ва­ат мно­гу при­каз­ни. Ар­хе­о­ло­шка риз­ни­ца откри­ва долг кон­ти­ну­и­тет, пра­и­сто­ри­ско вре­ме, од пет­ти­от ми­ле­ни­ум пр. н.е. до сред­ни­от век. Си­те до­се­гаш­ни на­о­ди, за­ед­но со откри­е­на­та пре­ди­сто­ри­ска на­сел­ба, нед­вос­мис­ле­но ука­жу­ва­ат де­ка на овој ло­ка­ли­тет оп­сто­ју­ва­ле раз­ни цивили­за­ции во пер­и­од од око­лу 6.500 ил­ја­ди го­ди­ни.

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top