Home / Галерија / ГАЛЕРИЈА: Нова порака од Pirelli: Видете таленти, дајте пат на успехот!

ГАЛЕРИЈА: Нова порака од Pirelli: Видете таленти, дајте пат на успехот!

Со години наназад разбирање за убавина и почит имаа гламурозна млади жени од високата мода. Бесрамно се покажуваа расоблечени манекен(к)и во името на модниот бизнис, наведува британскиот весник Телеграф.

3aa_228

Годишниот календар на Pirelli, овој своевиден медијатор на естетски и иновативни увид, го менува овој пристап. Тој ги заменува заситените со сексуалност субјекти и прикажувањето на понежниот пол, со вистински жени кои успеале во светот на бизнисот, спортот или на друг начин.

Календарот на Pirelli влегува во нова епоха – на феминизмот. Во 2016 година тој ја обработува темата “жени со совршенство”. Ова се случува за прв пат. Во 12 слики за секој од месеците на годината учествуваат активистка, комична актерка, осумдесетгодишна дама. Фотографиите се дело на легендарната фотографка Ени Лејбовиц. Меѓу моделите се вклучуваат Јоко Оно, Пети Смит, Серена Вилијамс.

На корицата - Јао Чен, кинески висок комесар на ОН за прашањата за бегалците.

На корицата – Јао Чен, кинески висок комесар на ОН за прашањата за бегалците.

Идејата е талентот да биде изведен како поважен и поатрактивен од изгледот. Повеќето од фотографираните дами се облечени, само комичната актерка Ејми Шумер е расоблечена – таа се шегува дека не ја разбрала овогодинешната порака. Меѓу ѕвездите кои учествуваат е моделот Наталија Водјанова, но во нејзината улога на основач на хуманитарната организација Naked Heart Russia. Јао Чен е прикажана на една од фотографиите – таа е првиот кинески амбасадор на добра волја на ОН. Агнес Гунд пак е колекционер на уметнички дела и патрон.

Одбраните жени се на различна возраст, со разновидна професионална ориентација, фигура и етничко потекло. Погледнете!

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top