Home / Мода / Прирачник за совршено комбинирање на боите

Прирачник за совршено комбинирање на боите

Еден од најважните чекори во создавањето на стил и сеопфатен вид е откривањето на вистинската комбинација на бои. Токму поради оваа причина ви нудиме краток прирачник, кој ќе ви биде особено корисен во слични ситуации.

з4

Под текстот можете да ги видите комбинациите, карактеристични за индивидуалните бои.

Бело – се комбинира со сè, особено со сино, црвено и црно.
Беж – се комбинира со сина, кафеава, смарагдово, црна, црвена, бела.
Сива – се комбинира со фукција, црвена, виолетова, розова, сина.
Розова – се комбинира со кафеава, бела, пеперминт зелена, маслиненозелено, сива, тиркизна, светлосина.
Фуксија (темно розово) – се комбинира со сива, жолта-кафеава, лимонска, пеперминт зелена, кафеава.
Црвено – се комбинира со жолта, бела, жолта-кафеава, зелена, сина и црна боја.
Доматно црвено – се комбинира со сино-зелена, пеперминт зелена, песочна, крем бела и сива боја.
Цреша црвена – се комбинира со небесно-сино, светло-портокалово, песочно, бледожолто и беж.
Малинено-црвено – со бела, црна и дамаск роза.
Кафеаво – со светло сино-зелено, крем, розова, светлобежово, зелена, беж.
Светлокафеаво – со бледожолто, кремово-бело, сина, зелена, виолетова, црвена.
Кафеава – со лимоно-жолто, сино-зелено, пеперминт зелена, виолетова-розова, лимонска.
Црвеникаво кафеава боја – со розова, кафеава, сина, зелена, виолетова.
Портокалова – со сино-зелено, сина, виолетова, бела, црна.
Светло-портокалова – со сива, кафеава, маслинено-зелено.
Темно-портокалова – со бледожолто, маслинено-зелено, кафеаво, цреша.
Жолта – со сино, виолетова, светло сино-зелена, виолетова, сина, црна.
Лимоново жолта – со цреша-црвена, кафена, сина, сива.
Бледо жолта – со сива, кафеава, нијанси на црвена, жолтеникаво кафеава, сина, виолетова.
Златно-жолта – со сива, кафеава, небесно-сино, црно.
Маслинено зелено – со портокалова, светло кафеава, кафеава.
Зелена – со златесто кафеаво, портокалова, салата зелена, жолта, кафеава, сива, крем, црна, кремасто бело.
Салата зелена – со кафеава, жолтеникаво-кафеава, светлобежова, сива, темносина, црвена, сива.
Тиркизна – со фуксија, цреша-црвена, жолта, кафена, крем, темно-виолетово.
Електрични бои – со златно-жолта, кафеава, светлокафеава, сива или сребрена боја.
Сино-зелена – со црвена, сива, кафеава, портокалова, розова, бела, жолта.
Темно-сино – со светло виолетово, сино-зелено, жолтеникаво-зелена, кафеава, сива, бледо-жолто, портокалова, зелена, црвена, бела.
Виолетова – со портокалова, розова, темно виолетова, маслинено-зелено, сива, жолта, бела.
Црно – универзална боја. Изгледа елегантно во било комбинации, претежно со портокалова, розова, темно зелено, бела, црвена или жолта.

КОМБИНАЦИИ:

Шема 1: Комплементарни комбинации

Комплементарните бои (познати уште како спротивставени) се наоѓаат една против друга во кругот на Јоханес Итан. Комбинацијата од нив создава светол и енергичен ефект, особено кога се максимално заситени.

з1

Шема 2: Тријада – комбинација од три бои.

Тријада е комбинација од три бои кои создаваат некоја рамнина додека стојат една спрема друга во кругот. Тоа обезбедува контрастен ефект, но истовремено ја задржува “хармонијата”. Слична композиција изгледа енергична дури тогаш кога користите бледи и незаситени бои.

з2

Шема 3: Аналогна комбинација.

Тоа е комбинација од 2-5 (идеално 2-3) бои, кои се наоѓаат една до друга во кругот. Таа создава смирувачки и привлечен впечаток. Еве пример за ваква комбинација – жолто-портокалова, жолта, жолто-зелена, зелена, сино-зелена.

з3

Шема 4: Поделената комплементарна комбинација

Варијација од комплементарни комбинации на бои. Во овој случај земате една основна боја и две комплементарни (станува збор за боите, кои се наоѓаат на страната на основната, но се наоѓаат на спротивната страна на кругот). Ефектот кој се создава тука е исто толку спротивставен како и во претходната шема. Но е со една нијанса помалку интензивна. Ако не сте сигурни дека комплементарната шема ви се допаѓа, користете ја оваа.

з4

Шема 5: Комбинација од четири бои.

Ова е шема која вклучува една главна и два комплементарни бои, плус една дополнителна, која ги нагласува главните. Пример: сино-зелено, сино-виолетова, портокалова-црвена, портокалова-жолта.

з5

Шема 6: Квадрат

Комбинација од четири бои кои се на еднакво растојание една од друга во кругот. Во овој случај тие се разликуваат едни од други по својот тон, но истовремено се надополнуваат. Оваа шема создава динамичен, животен и разигран ефект. Пример: виолетова, портокалова-црвена, жолта, сино-зелена.

з6

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top