Home / Мода / Victoria’s Secret со нова порција на светлина, адреаналин и ангелски крилја

Victoria’s Secret со нова порција на светлина, адреаналин и ангелски крилја

Легендарната модна екстраваганца која ги возбудува сетилата на сите мажи и жени од 1995 година па наваму, уште еднаш ги задржа будни оние кои ги чекаа првите кадри со нетрпение.

v1

Шоуто на Викторија Сикрет се одржа  синоќа во Њујорк, од каде адреналинот, блескавоста, пердувите и ангелските крилја стигнаа дo сите нас. За разлика од претходните години, овој пат во шоуто учество зедоа многу повеќе модели.

На познатата мачкина патека (ццатвалк) стапнаа оние божици кои со месеци пред закажаниот датум за модната ревија имаа посебен режим на исхрана, го балансираа својот тен и будеа љубопитност низ фотографиите кои ги споделуваа на социјалните мрежи. Блескаа во слава, парадираа: Адријана Лима, Дуцен Крус, Џоан Смолс, Кара Делевин, Магдалена Фраковјак, Карли Клос и многу други кои ја претставија долната облека на познатиот бренд со многу финеси и се разбира многу, многу сексапил.

v2

По традиција, секоја година дефилето се развива и одвива со неколку поставени теми, овојпат шест на број: Birds Of Paradise, Parisian Nights, The British Invasion, Shipwrecked, Snow Angels и PINK Network.

Пред шоуто Адријана Лима изјави дека и е подобро да размислува за настанот како за забава и на тој начин не и падне срам кога ќе застане на подиумот. Таа изјави дека не ги почитува специјалните диети пред настанот, а единствено се труди да ги ограничи нејзините телесни пропорции во текот на целото време. Таа додава дека тренира многу и истовремено се грижи и за нејзините две деца. За убавата бринета тоа е 13-то по ред дефиле за Victoria’s Secret.

v3

Кендис Свеинпул го покажа овогодинешното ремек дело – градникот во вредност од 10 милиони долари. Овој модел го видовме пред неколку недели, кога на виделина почнаа да се појавуваат првите детали за претстојната ревија. За разлика од претходните години, моделот, кој излезе со него пред публиката, не носеше крилја и други додатоци. Оваа година фокусот паѓаше на скапоцената долна облека и супермоделот, убавицата која ја имаше честа да го облече ова “свето парче“ на нејзиното скапоценото тело.

Ѕвездата која беше поканета за музичката изведба на сцената оваа година е Тејлор Свифт. Таа смени неколку костими кои се разбира беа во склоп на тематиката на шоуто. Целото модно дефиле ќе биде емитувано на 10 декември на американската телевизија CBS.

About admin

Митко Гогов aka kihuPotru - концептуален уметник, поет и граѓански активист. Уредник и автор @reper.net.mk @think.mk & @zenica.mk, претседател на Здружението Контекст.   Блогер, отворен за соработка #culture #art #media [fb] [twitter] [LinkedIn]

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top