Home / Мода / Модни предлози во бохо стил

Модни предлози во бохо стил

Се смета дека бохо стилот го носи името од областа Бохемија во Чешка, претежно од цигани, кои се занимавале главно со уметност и претстави, чиј начин на живот и изглед биле премногу неприфатливи за општеството. Нивниот начин на облекување го отсликувал нивниот слободен дух и бунт против поредокот.

cover_1468511743

Подоцна најсофистицираните Французи ја поврзанле слободата на циганскиот живот со животот на уметниците. Во дваесеттиот век овој стил станува популарен меѓу хипиците кои вклучуваат во облеката тексас, меки ткаенини и голема слоевитост од аксесоари и различни парчиња материјали.

Неодамна бохо стилот стана многу популарна и присутен во колекциите на сите дизајнери. Приврзаниците се главно уметници и сите оние кои сакаат да им биде удобно и да експериментираат со некомпатибилни навидум комбинации.

а1

За разлика од многу урбани модни струи бохо стилот се одликува со голема слобода. Тој е несериозен и лесен. Ткаенините се природни – памук, лен, коноп, велур, канава. Кадифето и чипката внесуваат дополнителен шик во несериозната визија. Везење, копчињата, чипка, реси придонесуваат за типичниот бохо тек.

а4

Боите се од охра и пастелно жолта до земно кафеава. Разновидноста се надополнува од белото и ‘рѓосаното црвено. Во бохо стилот присуствуваат и монистра, обоени дрвени топчиња и други додатоци.

Може да изберете помеѓу волуменските ѓердани, сет од ткаени нараквици, висечки обетки, кожни нараквици со метални украси, нестандардни прстени на рацете или плетени сандали.

Еве неколку летни предлози во бохо стил.

а7

Фотографии: pinterest.com

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top