Home / Литература / Три месеци затвор за писателот Киро Донев

Три месеци затвор за писателот Киро Донев

Три месеци затвор за писателот Донев оти жена се препознала во ликот на селска распуштеница од негов расказ;

Donev-site-pisuvani-statii-za-nego-koga-bil-osuden

Писателот Киро Донев, кој пред неколку години од Скопје се врати во родното Моноспитово, струмичко, веќе со месеци работи на новата книга „На што се смеат моите соселани“. Станува збор за хумористична книга, во која за првпат јавно ќе проговори за казната затвор од три месеци што ја добил на почетокот од својата писателска кариера.

zenite-od-monoblat-raskazot-kade-zeni-se-prepoznale

За САКАМДАКАЖАМ.МК , тој се потсети на настанот од 1967 година, кога од штипскиот суд е осуден на затвор, бидејќи една жена се препознала во ликот на Цанда, селската распуштеница од расказот „Жените од Моноблат“, кој бил награден од „Студентски збор“.

statii-za-donev

„На почетокот на моето творештво, како студент добив награда за расказ во кој опсервирав лик на една селска слободна жена распуштеница. Четири жени тогаш се препознаа во ликот на Цанда. Две ме тужеа, од кои едната беше најупорна. Расказот се викаше ’Жените од Моноблат’ и сите помислија дека расказот го базирам на вистински лик, што не беше точно. Но, штипскиот суд не мислеше така, ме осуди на три месеци затвор поради навреда на таа и таа жена. Цанда од мојот расказ имаше седум деца и сите беа од различни мажи, а таа што ме тужеше имаше пет и две абортирала, но на суд донесе сведоци дека децата спиеле со неа.

Мојот професор Димитар Митрев се изненади и не можеше да се помири, бидејќи еден Горки не бил осуден за своите пишувања, а камоли јас“, вели Донев и додава дека не ја обжалил одлуката на судот.“

Целата сторија поврзана со овој настан можете да ја прочитате овде!

Save

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top