Home / Дизајн / ТРАНЗЕН: „Примена на византиска орнаментика во модниот дизајн“

ТРАНЗЕН: „Примена на византиска орнаментика во модниот дизајн“

Здружението за култура „Транзен“ реализираше уште еден проект „Примената на византиската орнаментика во модниот дизајн“.

4-47

Овие прекрасни (рачно изработени) креации со мотивите од византиската орнаментика се на продажба! Чантата е со димензија 50 x 40 см. Цената е 1000 денари.

Проектот има за цел да презентира еден подзаборавен ликовен детал на византиската орнаментика, длабоко вграден во црковнославјанската традиција, застапен во скоро сите црковни објекти ширум земјата и популаризирање на византиската орнаментална ликовна дисциплина, преку примена во модниот дизајн.

Автор на креациите е Гергана Стојанова Ѕингарова. Краткорочна цел на проектот е – наоѓање на поширока примена на византиската црковна флорална орнаментика која се наоѓа како украсен детал на рамките од ѕидните фрески и црковни иконостаси.

1-253

Долгорочен резултат од овој проект е – возобновување на византиската орнаментика со употреба на современ пристап и нејзина примена во современата ликовна уметност.

Save

Save

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top