Home / Мода / Марами со потпис на Damien Hirst и Alexander McQueen

Марами со потпис на Damien Hirst и Alexander McQueen

- Објавено видеото на рекламната кампања

По прв пат имаме можност да ѕирнеме во колекцијата која настана како резултат на соработката меѓу познатиот уметник Damien Hirst и модната куќа Alexander McQueen.

as1

Триесет свилени марами кои се посветени на одбележување на 10-годишнината на Меквиновите черепи и мрачната естетика која е присутна и кај двата брендови. Секоја марама е адаптација на мотиви од познатата серија на Hirst “Entomology” во која се наоѓаат бубачки, пајаци, пеперутки во внатрешноста на калеидоскопот, комбинирана со принт со черепи.

Во видеото под режисерската палка на Sølve Sundsbø марамите со принт забавено виорат на моделите со мистична музика, давајќи мрачно чувство, вонземска убавина. Колекцијата започна со продажба од 15-ти ноември на официјалната страна alexandermcqueen[dot]com, додека цените на марамите од свила и кашмир се движат од 315 до 715 €.

About AnMary

Моден дизајнер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top