Home / Забава / Струмичани “гуворат“ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани “гуворат“ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигаре без заби. Дај друга кутија. Таа ка га гледам ми се дига.“; „Домашен телефон има ли?“; „Кој весник има повеќе информации?“; „Смоките од Стоби ли ви се?“; „Пресно ли е секундарното лепило?“; „Крстозборки со букви шо се решават!?“.

language-barrier

Овие бисери од секојдневното “гуворене“ на струмичани кога купуваат или бараат нешто од трафика ги има забележано струмичанецот Љупчо Станковски, кога имал трафика. Тој има собрано повеќе стотици анегдоти, кои за луѓе надвор од Струмица се неразбирливи без превод.

„Една од моите трафики беше лоцирана во близина на главната комби станица, во близина на соборниот храм во изградба. Оттука доаѓаат и заминуваат од градот жителите на голем број села. Тие самите по себе зборуваат малку понеразбирливо од нас, струмичани, но јас навикнав нивните потреби да ги разбирам и да ги услужувам. Со забележување на нивните бисери и двосмислени зборови почнав случајно. Ми се виде интересно и почнав да ги запишувам. Од многуте најомилен и најинтересн ми е еден кога едно момче од село побара да купи кроасан со зборовите: „Дај еден куросан за доо Трајанка“.

38_bigа

Станковски додава дека се смешни и чудни кога муштериите барале весници или списанија.

„Веснико пресен ли е?“; „Таа програмата у кој весник га има со поедри букви?“; „Весници има ли? Какви? Свет, било какви…“; „Од тии ефтините крстословки има ли?“; „Кој весник има повеќе информации?“; „Тај весник чита ли се?“; „Имате ли храна и вино излезено?“.

За крај, еве уште неколку специјалитети од тефтерот на Станковски:

- „Селотејпки за нос имате ли?“
- „Сокче од 10? Не ли го набодуваш?“
- „Шефе, 200 на тва дрнкалото да ми кладеш?“
- „Акумулаторски батерии има ли? Какви? Јаки, алкални. Ќе ги ставам на штопо на којно да свете!“
- „Дај ми шпирто. Кибрит ли кажа? Па, може и кибрит.“

via @jugoinfo.mk

Save

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top