Home / Овде и сега / Хероина на денот: Роза Мојсовска

Хероина на денот: Роза Мојсовска

Роза Мојсовска е родена со 100 проценти хендикеп на екстремитетите што ја прави целосно зависна од туѓата нега.

14479548_1129501680469610_2131588928373704433_n

Но, „секој има некој хендикеп“, вели таа. „Мислам дека им е потешко на тие луѓе што се со хендикеп на душата, на тие што заборавиле да се смеат и да уживаат во животот. Мојата предност е во тоа што јас искрено и посветено го сакам животот“.

Роза својата љубов кон животот ја артикулира преку сликањето. Таа е единствениот македонски претставник во интернационалното здружение на луѓе што сликаат со уста. Добитник е на многубројни национални и интернационални награди. Оваа ведра скопјанка со силен карактер и со крајно шармантен струмички акцент е автор на четири збирки слико-поезија, како што ги нарекува. Веќе 40 години живее во домот за лицата со инвалидност во бања Банско, блиску до Струмица. Географски. Духовно, таа е дел од океанот љубов што секојдневно ја разменува со многубројните пријатели на интернет и со луѓето околу неа.

via @ Лице в лице

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top