Home / Живот / Последните зборови на големите личности

Последните зборови на големите личности

Кои се најпознатите претсмртни зборови и реченици во светот кои историјата ни ги предала низ вековите? Ова се зборовите пред умирање на Цезар: “И ти ли, Бруте?!” Уредниците на сајтот Abcfact ни доставуваат и други претсмртни реплики на познати историски личности.

gettyimages-73422670

Ајде да видиме кои се тие:

10-то место: Најмистериозни се зборовите на кралот Хенри VIII. Единствено што тој успеал да каже пред смртта е зборот “монаси” три пати. На последниот ден од својот живот, тој бил мачен од халуцинации. Иако очигледната психичка нестабилност, наследниците на кралот се подложиле на гонења на монасите од околните манастири под сомнение дека го затруле кралот.

9-то место: Хајнрих Химлер изрекол со последни напори на волјата: “Јас сум Хајнрих Химлер!” иако во 1945 година луѓето кои не го знаеле тоа биле малкумина.

8-мо место: “Почекајте малку”, рекол папата Александар VI. Сите чекале, но за жал, сепак папата починал.

7-мо место: “Добро сум”, рекол во 1946 година Херберт Велс и три минути подоцна починал.

6-то место: Марија Антоанета, која ја казниле само поради тоа што е кралица, се насмевнала на џелатот додека стоела под гилотината и проговорила: “Господине, жалам, јас не сакав!”. Но оној што стоел до бесилката бил револуционерно настроен и не и простил.

5-то место: Карл Маркс побарал сите да ја напуштат просторијата.

4 место: Имануел Кант изрекол среќно: “Доволно е!”

3-то место: Еврипид, кој според гласините бил ужаснат од блиската смрт, кога го прашале како може таков голем филозоф да се плаши одговорил со зборовите: “Тоа е нешто за што јас ништо не знам.”

2-ро место: Британскиот крал Џорџ V, кој починал во 1936 година, со последни напори премногу непристојно го окарактеризирал својот министер, кој за среќа не присуствувал во моментов. Неговите блиски биле шокирани, бидејќи досега не слушнале сличен речник од возрасниот крал.

1-во место: Царицата Елисавета Петрова ги исплашила лекарите кога половина минута пред да издивна прашала грубо: “Што, уште ли сум жива?”

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top