Home / Еколошка / Митко Бојаџиски: Зимска загадена (став)

Митко Бојаџиски: Зимска загадена (став)

Скопје, Битола и Тетово се шампиони во загаден воздух. На листата добро котираат и Кичево, Куманово, Кочани, Велес… Значи, во моментот, на шкрги дише, повеќе од пола држава. А зимата уште не е ни почната како што треба. Традиционално, ова е време кога стенкаме на таа тема. И обратно, а видиме сонце, веднаш забораваме. Толку можеме! Таков ни е капацитетот. А инаку, не бива.

мб

Во Струмица владее мислење дека воздухот ни е употреблив за дишење. А надвор, навечер, смрди на чад. Добро би било да имаме мерна станица која што редовно ќе не информира за состојбата на чистиот воздух. Рекла – кажала, е примитивизам. Би било добро да има бројки. А ако се покаже дека навистина го бива, можеме да размислуваме дури и за зимски туризам.

„Колку помалку дишеш, толку подолго ќе бидеш жив. Ова не важи во Струмица…“ или „Немаме снег, но имаме воздух што може да се дише. Кај нас можете да дишете во неограничени количини. Донесете си и тегли за дома“ (Ол инклузив плус). Хм, примамливо звучи, нели?

Но, ајде, прво, некако да си провериме како стојат работите во нашиот двор. Барем додека не почнал да работи рудникот за злато но и другите индустриски капацитети во предизборна најава.

Ова ви изгледа сурово, дегутантно?! Но, како се кажува на нежен начин?

Автор: Митко Бојаџиски

Коментарот е испратен од читател на порталот Strumica Online, со наведени податоци, порталот се оградува од вистинитоста и точноста на податоците изнесени во содржината, како и од било какви импликации кои може да настанат од истиот.

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top