Home / Забава / Со хиџаб за мис на Минесота

Со хиџаб за мис на Минесота

Деветнаесетгодишната Халима Аден, студентка на колеџот „Сент Клауд“, е една од кандидатките на изборот за мис на Минесота. Настапува носејќи хиџаб, а во претставувањето во бикини, носеше буркини. Доколку Аден победи на финалето в недела, ќе се натпреварува за титулата мис на Америка како претставничка на Минесота.

eee

Ова е прво учество на избор за убавина за неа. Вели дека решила да се пријави за да придонесе за разбивање на негативните стереотипи и погрешните сфаќања за Американците муслимани, за сомалиските Американци и, пред сѐ, за муслиманските жени.

halima

- Мислам дека главниот проблем е што луѓето ретко се дружат со Сомалијци. Не постои еден опис за убавина. Убавината има различни лица, различни приказни и различно потекло, и важно е да ги прифатиме сите тие – вели Халима за локална ТВ-станица. Аден е родена во бегалски камп во Кенија и со своите родители како дете се преселила во Минесота, популарно место каде што се населуваат сомалиски имигранти, пишуваат американски медиуми.

Речиси две децении косопственик на изборот „Мис на Америка“ беше новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. Изборот традиционално се емитуваше на телевизиските мрежи Ен-би-си Јуниверзал и на Јунивижн, но минатата година тие рекоа дека повеќе нема да го емитуваат поради контроверзните коментари на Трамп за имиграните. „Мис на Америка“ сега се емитува на мрежата Фокс.

b_161128134

Аден се соочи со противници на нејзиното учество во изборот од сопствената заедница, дури наиде на неодобрување и од нејзината мајка, која верува дека ќерка ѝ треба да се фокусира на училиштето, пишува „Стар трибјун“. Несогласувањето со мајка си, таа му го припишува на генерацискиот јаз. – Хиџабот е симбол што го носиме на нашите глави. Но сакам луѓето да знаат дека тоа е мој избор. Го правам тоа затоа што јас сакам – вели Аден.

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top