Home / Uncategorized / АРХИТЕКТУРА: Центар на светската култура

АРХИТЕКТУРА: Центар на светската култура

Проектот кој победи на конкурсот во 2007 година за изградба на културниот центар „Кing Abdulaziz Center“ во Дахран, Саудиска Арабија е готов и пред рокот на завршување на истиот.

ааа

Објектот е дело на архитектонското биро „Snohetta“ и станува збор за неверојатна композиција од 100.000 метри квадратни во која се сместени концертна сала, библиотека, кино, простор за изложби, музеј и архива.

ааа1

Петте волумени кои наликуваат на големи природни камења формираат импресивна градба која делува мистично и монументално. Урбаниот простор пред објектот има вкупна површина од 4000 метри квадртатни и е замислен како влезна партија за сите пет волумени.

ааа2

Волумените се формирани од тенки цевки од нерѓосувачки челик кои се обвиткани околу нив и ја нагласуваат формата на секоја од петте структури. Во средина на композицијата се издига кула висока 98 метри. Околу кулата се развиваат другите три објекти и еден помал објект кој е именуван како „клучен камен“ со овален прозор кој го краси овој објект и според авторите на делото симболизира поглед кон иднината. Овој дел од композицијата е наменет за учење.

ааа3

Големиот аудиториум е со капацитет од 930 седишта и е наменет за концерти на класична музика и опери, а малата сала е кино. Библиотеката е наменета за љубителите на пишаниот збор, додека изложбениот простор ќе се користи и за конференции, изложби и најразлични евенти. Музејот е поставен околу централно светло кое навлегува во просторот.

ааа4

Во галеријата што следува погледнете како изгледало градилиштето додека се градел објектот, досега изграденото и дел од првите скици на архитектонското биро кое стои позади овој проект.

ааа5

Save

Save

Дипломиран инженер архитект на Универзитетот Американ Колеџ, Факултет за архитектура и дизајн , кадешто ги заврши и магистерските студии. Родена во Струмица, но живее во Скопје и работи во проектанското биро ''Иванов инженеринг''.

Comments are closed.

Scroll To Top