Home / Активизам / Симулација на седница на Советот на општина Струмица

Симулација на седница на Советот на општина Струмица

Центарот на заедницата на општина Струмица како последна активност за 2016 година ќе реализира симулација на Советот на општина Струмица со учениците од четврта година од СОУ „Никола Карев“ – Струмица, под менторство на проф. Марјан Ефтимов, професор по граѓанско образование. Оваа активност се спроведува во соработка со Советот на општина Струмица, а е финансиски поддржана од Фондација Отворено општество – Македонија.

центар

Симулацијата ќе се одржи на 27 декември 2016 г. (вторник) со почеток во 12 часот во салата на Советот на општина Струмица (Дом на АРМ).

Целта на симулацијата е да се запознаат младите со функциите, улогата и работата на Градоначалникот, Советот на општината и процесот на донесување на одлуки на локално ниво, како и облиците со кои граѓаните непосредно учествуваат во одлучување за прашања од локално значење. Оваа активност ќе придонесе во реализација на практична настава за учениците во средните училишта, но пред сѐ можност тие активно да бидат вклучени во процесот на носење политики на локално ниво, преку нивно подобро информирање за улогата на органите на локалната самоуправа.

Во изминатиот период се одржаа повеќе консултативни средби со: претседателот на Советот на општина Струмица г-н Јосиф Христов, директорот на СОУ „Никола Карев“ г-н Драган Јанков, проф. Марјан Ефтимов како ментор на активноста, како и со учениците-учесници во симулацијата. На часовите по граѓанско образование им беше објаснета целта на оваа активност, како дел од практичната настава по предметот, а од Советот на општина Струмица беа собрани корисни материјали од седници кои ќе им послужат на младите во учењето на демократски процеси.

Учениците се поделени по улоги и тоа: градоначалник, претседател на Совет, членови на Совет од „жолта“ и „бела“ партија, секретар, директор на училиште, претседатели на комисии и сл.

Оваа активност е поврзана со Стратегијата за млади на општина Струмица и тоа со следниве приоритети: зголемување на улогата на организациите на младите како партнер на Општината и зголемување на вклученоста на младите во процесите на одлучување.

Симулираната седница е отворена за сите граѓани.

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top