Home / Духовност / СТАВ: Христос се роди – среќен Божиќ сограѓани!

СТАВ: Христос се роди – среќен Божиќ сограѓани!

Денес е првиот ден од тридневната прослава на Божиќ, кој ортодоксните христијани го празнуваат скромно, посно, според обичаите за Бадник и бадниковата вечера.

Коледарите и огновите можеби од година на година се сѐ помалку, но барем во околината на Струмица сѐ уште можеме да се пофалиме дека држиме до традицијата и нашите верувања, иако МПЦ секоја година според интересите и актуелните случувања си дава за право да ги менува правилата на “игра“. Убаво би било сите ние да се запрашаме дали е добар начинот на практикување вера и религија само во празничните периоди или би било подобро кога сето тоа би ни станало секојдневна рутина?

awaypoint-nativity-scene

Како граѓани на една држава која ги “заштитува и промовира традиционалните, битови вредности” на едно општество, кога дел од градовите и објектите во нашата држава се заштитени од УНЕСКО, ние навистина треба да се погрижиме да ги задржиме обичаите и да најдеме нов, интерактивен модел или начин како да ги пренесуваме истите на помладите генерации. Колкумина од вас се заинтересирани да научат повеќе за овие календарски празници кои во суштина се носечки столбови, темели на христијанството?

И меѓу костените, оревите, бадемите, јаболката, мандарините или можеби портокалите се проткајува една вековита приказна за верувањето дека Бог денес повторно се роди, за да го возобнови духот Божји во Нас, за да не сплоти со најблиските, за да не мотивира да продолжиме да одиме на добрата страна од животот, да бидеме разумни, толерантни, разбирливи.

Кај кого се падна паричката?

Слатко од киви, кајсии, маслини, риба, сарма, леб со паричка. Безбедност, сигурност, зголемена (до)Верба – паричката се падна во Господ!

badnik-i-bozhikj-praznici-na-semejstvoto-214495

Најрадосниот празник Бадник за православните верници значи ноќ на мир, радост и сплотеност. Целото семејството е будно до полноќ за да го дочека новиот ден, кога се слави раѓањето на Синот Божји. Хроничарот Данило Коцевски затоа умешно повтори дека нашата религија никогаш не била стерилна, затворена, туку напротив широкограда и толерантна.

Следниот пат лошите мисли за ромите оставете ги на буниште, годинава не беа ромите, затоа немаше кој да ни ја продолжи традицијата на Коледе. Децата не треба да бидат користени и манипулирани, пренесувањето на духовноста треба да дојде од родителите, а не да биде инсинуирање на некакви си новосоздадени вредности. Треба да се загрижиме дека тоа е така, суштината не е да се соберат пари или повеќе јаболка, суштината е да се оддржува таа вербална комуникација која е на едно повисоко, духовно ниво. Самото оддавање почит кон новородениот син Божји се отсликува во комуникацијата, во подарувањето, во примањето, во начинот како целиот тој ритуал се изведува. Да, можеби некој ќе каже дека обичаите се испреплетени и тешко е да се увиди што треба да се практикува, а што не, но, кој видел лошо од практикување на работи кои се останати од нашите предци.

Секако, колку повеќе празници имаме, толку тоа е повеќе резултат на богатата култура. Ние сме структура која плови низ вековите и засекогаш останала во коренот иста и непроменета, вистина е дека некои работи се додадени, а некои отфрлени, но суштината на овие празници и обичаи е токму обединувањето во она што останало, она што не дефинира и што го креира нашиот идентитет пред светот.

The christmas ceremony in the orthodox Russian Church of Maria Magdalene in the foot of Mount of Olives in Jerusalem

Тие кои кршеа лебче со паричка синоќа не згрешија, тие кои ќе кршат на Василица (стара нова година), исто така нема да згрешат. Да ја почитуваме разноликоста во толкувањето на христијанството наследено фамилијарно од нашите претци, да го размениме знаењето и да го толерираме сечиј пристап во покажувањето верба кон Бога.

Особено ми беа впечатливи космичките сезнајковци, кои речиси секогаш имаат доза (не)знаење за сите актуелни теми – оставете добри луѓе. Во мир да се сплотиме, во љубов да се вознесеме. Овие празници се во служба да не потсетат дека ние не сме само од крв и месо, туку битија кои умеат да бидат добрината и светлината во очите на себе, најблиските и сите оние кои имаат (внатрешна) потреба за помош од нас.

Имам чувство дека нашиот народ во моментите кога треба да практикува воздржување и почит го прави обратното, а тогаш кога ја има силата да ја направи промената е со спуштена глава и делува како безгласна буква. На тој процес треба да поработиме задолжително и повнимателно во иднина – ослободувањето доаѓа по прифаќањето и преземањето на вистинските чекори, во секоја смисла.

Весели празници, драги сограѓани, за многу години – за убаво, за арно!

Save

About admin

Митко Гогов aka kihuPotru - концептуален уметник, поет и граѓански активист. Уредник и автор @reper.net.mk @think.mk & @zenica.mk, претседател на Здружението Контекст.   Блогер, отворен за соработка #culture #art #media [fb] [twitter] [LinkedIn]

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top