Home / online / Божиќ – најголемото духовното богатството, фундамент на нашата заедница

Божиќ – најголемото духовното богатството, фундамент на нашата заедница

Денешниот голем празник, Христовото раѓање – Божиќ, нека биде повод за посветување на нас и на нашите најблиски!

Large family eating Christmas dinner

Заедничкиот традиционален ручек е уште поголем повод да си посветиме внимание едни на други и да се сплотиме повеќе во нашите добри намери, потврдувајќи дека семејството е најсвета заедница во која треба да владее мир, љубов, хармонија и ни значи најголема поддршка во животот. Време кога се чувствуваме радосни, но и го согледуваме најголемото духовното богатството кое е фундамент на секоја заедница.

Да станеме подобри, ако сакаме да ни биде подобро, да бидеме задоволни од помалку, за да имаме повеќе, да подаруваме иако имаме помалку, да им помагаме на другите кога им е тешко, зошто само со допир и убав збор може да направиш некој да се чувствува поубаво и среќно.

Да бидеме добри и со тие кои со нас нѐ се, зошто доброто дело оди на нашето “конто“, да бидеме понизни и благодарни спрема тие кои не создале и одгледале, никогаш да не им грешиме, зошто и ние ќе остареме, а некој го следи тоа, па убавото со убаво се враќа…

НЕКА ГОЛЕМИОТ ПРАЗНИК ХРИСТОВОТО РАЃАЊЕ – БОЖИЌ ГИ ИСПОЛНИ СО МИР НАШИТЕ ДУШИ, СО ЉУБОВ НАШИТЕ СРЦА. НЕКА ДОМИНИРААТ ВО НАС САМО ПОЗИТИВНИ МИСЛИ КОИ ЌЕ НЕ ПРАТАТ СЕКОЈДНЕВНО ЗА ДА ГО ДОЖИВУВАМЕ ЖИВОТОТ БЕЗ АГРЕСИЈА И СЀ ШТО Е НЕЈЗИН ИЗДАНОК – ПРИЈАТЕН БОЖИЌЕН РУЧЕК!

Пишува: Д-р Љубинка Вета

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top