Home / online / За прељубата и соочувањето со вистината

За прељубата и соочувањето со вистината

Имате голем емотивен проблем, имате добра сопруга/сопруг и прекрасни деца, но, ви се случило неочекувано да се заљубите во друга личност. Секогаш сте функционирале како морална личност и вашето воспитување се коси со сѐ што следува после тоа.

couple-caught-cheating

Почнувате да лажете, да се сокривате со полувистини и манипулации, сето ова ви се одразува на целокупниот живот, на физичкото здравје, на ефикасноста на работното место, ги заборавате децата, ги заборавате другарите/ките, пријателите. Околината кај вас забележува промени на психички план, ви ја забележува конфузноста. Вие се измачувате и не знаете што понатаму, не можете да ја прекинете „новата“ врска, заробени сте во емоциите, а од друга страна не можете да се разделите и со партнерот, зошто тука се децата, домот… Со крајни сили, засрамени и потиштени барате совет..

Ако е така, ако ви се случило таква ситуација најдобро е да останете верни на вашето воспитување, да останете до крај верен на своите норми. Тоа значи да бидете фер со сите што ви значат и отворено и искрено, онака смело, застанете пред сопругата/сопругот и кажете си сѐ што ви се случило. Ризикувајте и бидете фер “играч“ без разлика на последиците. Секако дека никој нема да ви каже БРАВО на вашата исповед. Воопшто не е лесно да се соочите со една таква ситуација, зошто ова причинува голема душевна болка за партнерот, чувство на отфрленост, чувство на помала вредност, на “загуба“.

Fotolia_54810443_Subscription_Monthly_M

Но, многу полесно ќе ви биде на вас и ќе си ја олесните совеста, зошто во крајна линија вие тоа прво го правите заради вашата личност, а потоа заради партнерот со кој сте делеле и добро и лошо и за кој сигурно сте имале емоции, заради децата.

Вашата големина е во тоа, а како ќе биде прифатено од другата страна, зависи од тоа како вие сте објасниле, дали сте побарале време кое ви е потребно да се “најдете“ и знаете точно што сакате, или сте побарале да се разделите, или пак партнерот не може да ја прифати таквата ситуација, не може да прави компромис или пак изреагира рационално и ви даде време и има трпение.

КАКО И ДА Е, ГОЛЕМИНАТА НА СЕКОЈ ЧОВЕК Е ДА БИДЕ ИСКРЕН И ВО ТАКВИ СИТУАЦИИ И САМ ДА СИ ГО ПРЕНЕСЕ НОВИОТ МОМЕНТ, А НЕ ДОПОЛНИТЕЛНО ДА ГО ПОВРЕДУВА ПАРТНЕРОТ КОЈ РАЗБРАЛ ОД ДРУГИ ЛИЦА И УПОРНО НЕГИРА ДЕКА НЕ Е ВИСТИНА! СЕ ШТО ИМ СЕ СЛУЧУВА НА ЛУЃЕТО Е ЗА ЛУЃЕТО… САМО ПОСТАПКИТЕ СЕ РАЗЛИЧНИ!

Пишува: Д-р Љубинка Вета

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top