Home / Архитектура / Ќе градат самопрочистувачки облакодер висок скоро 5 километри

Ќе градат самопрочистувачки облакодер висок скоро 5 километри

Самопрочистувачки облакодер со висина од над 4,8 илјади метра проектира компанијата Arconic, пишува Business Insider. Надворешноста на зградата ќе биде покриена со EcoClean материјали. Тоа се керамички плочи, развиени уште во 2004 година, кои се користат при самочистачки печки.

cloudscapeimage

“Функционалниот слој обезбедува естетика, го оправдува одржувањето, а исто така обезбедува корист за животната средина преку намалување на загадувачите“, објаснува еден од главните научници на Arconic, Шери Макклери за Business Insider. EcoClean материјалот работи со помош на светлина и водена пареа, кои се мешаат во слободни радикали. Тие ги повлекуваат загадувачите од воздухот и им овозможуваат да се исфрлаат од зградата, заедно со нечистотијата, речиси како мртва кожа. Крајниот резултат е чиста зграда опкружена од чист воздух.

Друга новина ќе има во прозорците, кои ќе бидат создадени по нов дизајн, познат како Bloomframe. Во суштина, тоа е моторизиран прозорец, кој се претвора во целосно стаклен балкон во рамките на една минута.

Елементите за градење ќе им бидат испечатени од 3D-принтери.

hofmandujardinwelcomebloomframe03tile

Arconic ги претстави новите технологии на последните светски саеми и смета дека тие ќе бидат достапни на пазарот во блиска иднина.

Компанијата сака да инвестира во флексибилни компоненти кои може да ги претворат зградите во нешто повеќе од статични гиганти.

Во прилог на футуристичките згради компанијата Arconic претстави порано и проект за летечки автомобили, како дел од воздухопловите со подобрена аеродинамика.

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top