Home / online / Не дозволувајте да бидете нечија жртва

Не дозволувајте да бидете нечија жртва

Дали некогаш сте биле повредени од близок човек кој ви значи до степен да одите по патот и солзите сами да ви течат?! Сте ја голтнале навредата, сте ја потиснеле длабоко во вас, а гневот во вас си го прави своето, навредата ве боли. Што да правите во тие моменти, како да си помогнете?

agnsnqm3iiqmffbklqsf

Имате две можности. Едната е да прифатите дека таа особа не вреди да ви биде блиска и да расчистите засекогаш со неа, на начин да престанете да се чувствувате жртва, а во себе да и простете за постапката и навредата за да ви се неутрализира негативната енергија и да не сте депресивни и гневни и засекогаш да расчистите и ја ставите таа особа на “игнор“ или како втора опција, да седнете и разговарате со неа, но, не да паднете на нејзино/негово ниво, ами смирено, со тивок тон и кажете сѐ што ви лежи на душата и дека сте длабоко навредени.

При тоа, каков ќе биде одговорот и реакцијата од другата страна не треба веќе да ве засега, вие сте се растеретиле од гневот и сте се ослободиле од тешкиот товар.

Многу луѓе не внимаваат дали некого ќе повредат, дали тоа понатаму ќе влијае негативно на близината со тој што го напаѓаат и тоа без аргументи, само заради нивните агресивни пулзии и потребата да се изпразнат. Зошто пак вие ако сте одмерена и културна особа да трпите таква тортура, таква истурена агресија?

635737321926554838-538968517_635733903909313944512645630_child-molestation.imgopt1000x70

Никој не е должен да биде вреќа за боксување на некој, па макар тој некој и да ви значел многу, ви бил близок другар, пријател, роднина. Има секогаш црвена линија до која може нешто и некој да се толерира, не сте вие виновни што тој некој има низок праг на толеранција на фрустрации, поседува агресивност и само бара жртва да се ослободи.

ЧУВСТВОТО НА ЖРТВА СЕКОГАШ МНОГУ БОЛИ! НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ ВИЕ ДА СТЕ ВО ТАА УЛОГА! СЕКОГАШ ЧУВАЈТЕ ГО И БРАНЕТЕ ГО СВОЈОТ ЛИЧЕН ИНТЕГРИТЕТ – ДРЖЕТЕ ДО СЕБЕ!

Пишува: Д-р Љубинка Вета

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top