Home / Галерија / ГАЛЕРИЈА: Зимските пејзажи на градот низ објективот на Георги Кончалиев

ГАЛЕРИЈА: Зимските пејзажи на градот низ објективот на Георги Кончалиев

Не за сите зимата е едно од најубавите годишни времиња, но секако и зимата знае да изненади, особено доколку имате изострена перцепција на околината, креативност и имагинација и стандардни временските промени кои настануваат со ова годишно време.

nova_2 (2)

Оваа година снегот нѐ не заборави, а со тоа се покажа и како идеален предизвик за многу фотографи кои секојдневно бараат инспирација, а снежните пејзажи се особено интересни и примамливи, најмногу затоа што создаваат посебна магија, секако доколку ги гледаме од удобноста на топлиот дом.

nova_6

Георги Кончалиев во неколку такви прошетки низ градот ни претстави уникатна серија на пејзажи од Струмица и градскиот парк, што поголемиот дел од неговите фанови останаа без здив. Зимските пејзажи се навистина исклучително препознатливии ја имаат моќта да те пренесат на местото, особено доколку композицијата, боите и самата локација се погодени.

nova_3

Сѐ е магично во зима, магични се улиците прекриени со снег, магични се мразулците кои висат по покривите на куќите, магични се замрзнатите езерца по парковите и планините, потоците и водопадите, побелените ливади и ридови, побелените дрвја, едноставно сѐ во зима е чисто и убаво – потсетува на чистината која посакуваме да ја имаме постојано во животот.

Подгответе ги сите ваши сетила за да се опуштите и да уживате во фотографиите на Георги Кончалиев и да се препуштите на неверојатната зимска магија, видена токму низ објективот на неговата фото камера.

  • Празнична атмосфера:
  • Црно бела белина:
  • Во боја:
  • Ноќна фотографија:

Save

Save

Save

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top