Home / Мода / МОДА: Исфрлете ги овие парчиња од вашиот гардеробер – под итно!

МОДА: Исфрлете ги овие парчиња од вашиот гардеробер – под итно!

“Сега е во мода …” – волшебните зборови кои не тераат да се надградуваме и да го дополнуваме периодично личниот гардеробер со надеж дека надополнувањата ќе ни стават етикета на реалност, но и ако може, да не задржат малку подолго на максимумот на популарноста.

11_264

Огнено црвеното сепак останува во мода

Да, има некои елементи од гардероберот, кои остануваат во мода неколку сезони, но други тешко остануваат и една сезона! Новата година е добар повод да направиме ревизија на закачалките и да го исфрлиме она што веќе изгубило актуелност. Eве неколку совети од модни експерти, претставени во Elléments Magazine.

1. Заборавете ги мини – залепените силуетни здолништа

Дури и да сте супер модел, оваа сезона ова е out!

Дури и да сте супер модел, оваа сезона ова е out!

Стилистите ги имаат предвид познатите фустани, туники, здолништа во стил Herve Leger. Избирајте послободни силуети.

2. Времето на платнени или кожени тесни ланчиња помина

Чекајте нова сезона, од оваа натаму ова е демоде!

Чекајте нова сезона, од оваа натаму ова е демоде!

Знаеме дека сте си накупили огромна разновидност на оние цврсто стегнати по вратот додатоци, но време е да ги соберете во кутии. Некои дури побрзаа да направат и тетоважи во овој стил. А не требаше! Заменете ги со масивни ѓердани во комбинација со фини, минијатурни украси.

3. Поли-балетски широки здолништа

Mercedes-Benz China Fashion Week Autumn/Winter 2013/2014 - Day 2

Балерини ќе бидете друг пат повторно, но не сега!

Тоа навистина беше еден интересен тренд кој комбинираше во себе истовремено докажување на екстравагантност, романтика и официјален дрескод, но, за жал, буквалната смисла на поимот што се задржа две сезони – поли-балетски здолништа кои ги имаше во огромно количество на штандовите, си отиде во историјата, исто така. И, ако сепак не сакате да се разделите сѐ уште од нив, сетете се дека веќе не треба да бидат обемни како порано.

Препораките на модните експерти се да бидат заменети со плисе со просечна должина од свила, кадифе, велур, кожа. Друга актуелна варијанта се трапезоидните здолништа во А-силуета од велур, кожа или џинс ткаенина.

4. Потпетиците се дискутабилни

Ова останува да биде тренд само за панкерките - а тоа вие не сте! ;)

Ова останува да биде тренд само за панкерките – а тоа вие не сте! ;)

Се разбира, не може да се каже дека не е актуелно да се носат тенки и високи потпетици. Но се обрнува повеќе внимание на обувките и на чизмите со густи, широки и масивни завршетоци, одминувајќи ги оние актуелни модели од неодамна, украсени со метални елементи.

Важно е да се знае дека на мода е нова должина на потпетици и чизми – малку пониски. Пред тоа слични чевли беа особено непопуларни. Затоа пак оваа сезона се задолжителни. Тоа е “неповолна” должина за одржување на тенки силуета на нозе, па затоа е препорачливо да се носат со високи дебели чорапи кои сепак стојат послободно.

5. Фармерките не се подвиваат

Ѕвонарките стануваат повторно актуелни?!

Ѕвонарките стануваат повторно актуелни?!

Трендот на “подвиени фармерки” веќе не е актуелен. Модерно е сепак да се носат фармерки и панталони со широко отворени ногавици. Особено добро стојат со чевли и ракавици со широк струк, за кои веќе говоревме погоре.

Save

Save

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top