Home / online / Неколку важни животни мудрости и насоки

Неколку важни животни мудрости и насоки

Повод има секогаш да се потсетиме на нашите мудрости кои сме ги стекнале со годините. По повод големиот празник – Водици и Св. Јован напишав неколку важни за мене животни насоки:

gain-wisdom-1

  • Никогаш да не се потценувате споредувајќи се со други за кои мислите дека се среќни. Многу „лажни“ среќи има покрај вас.
  • Бидете задоволни од тоа што сте, иако не ви се исполниле сите желби заради многу животни околности. Секоја индивидуа е свет за себе и сѐ што ви се случува е само ваша креација. Тоа вие всушност го посакувате.
  • Потрудете се да креирате вистини, создавајќи убедувања кои се најблиску до реалноста.
  • Помагајте секогаш кога можете, особено на послабите и немоќните, на оние кои се исплашени. Сочувствувајте се. Нека ова ви биде предизвик и задоволство, а не обврска или заради ваша популаризиција.
  • Кога не сте расположени, имате пробем, споделете го со луѓе за кои сметате дека ви се битни, а со повеќе примери го докажале тоа. Лесно е да си пријател за на маса и кога се ви е добро.
  • Не трошете енергија за луѓе кои сте ги процениле дека ќе ви вратат со лошо, а вие претходно сте ги опсипиувале со внимание, почит и сте им помагале. Дистанцирајте се навреме од нив, за да ве боли помалку.
  • Учете ги вашите деца на универзалните вредности во животот, нема да погрешите, иако живеете во модерно време со превртени вредности. Можеби нема да се материјално богати, ама духовното во нив секогаш ќе ги води напред и ќе им отвара нови хоризонти.
  • Живејте го животот со полна плуќа, следете ги ваште цели колку и да се разликуваат од другите, колку и да се тешки. Не обрнувајте внимание на тоа што другите ќе кажат… Тие други се само сеирџии и ништо друго. Многу луѓе за жал не успеваат во тоа што го сакаат да го реализираат, плашејќи се од туѓото мислење.
  • Искреноста да ви биде на прво место, така ќе сте чисти пред себе и другите што ви се битни во животот.
  • Никогаш да не подржувате агресивни постапки, однесувања и никогаш да не повишувате тон во вашата комуникација со другите. Таквите луѓе никогаш не успеваат во своите намери и длабоко во себе се несреќни и тажни.
  • Секогаш кога можете читајте книги, тие се нашиот прозорец кон светот. Тие ќе ви помогнат да се пронајдете, осознаете, да станете помудри и инспиративни. Да си одберете професија која ќе ја сакате и ќе ви биде уживање, а таа е многу важна алка во ланецот наречен живот.
  • Пари никокагаш нема да има доволно, зависи какви критериуми сте створиле за нив, но, се може и со помалку и со повеќе. Најдобро е да имате доволно за да живеете еден достоинствен живот.
  • Годишните одмори се пожелни и за помлади и за повозрасни, секогаш одвоете средства за едно такво задоволство. Не мора да одите на егзотични патувања, доволно е да мрднете и да се тргнете од дома и од секојдневната монотонија.
  • Да им кажувате на луѓето што ги сакате колку ви значат и да ги допрете, гушнете – не штедете зборови и средби, на крајот на денот тоа е она што ти дава сила да се разбудиш среќен.

Пишува: Д-р Љубинка Вета

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top