Home / Архитектура / Модерен и уникатен семеен апартман

Модерен и уникатен семеен апартман

Во фокусот на вниманието ми падна еден нов проект за уникатен апартман, чии впечатливи детали брзо ме убедија да го споделам со вас. Проектот е интересен од повеќе апсекти, па секој одделно ќе го разгледаме низ овој текст.

а1

Како за почеток еве неколку факти за самиот дом, за неговите сопственици и за проектот во целина. Станува збор за простор од 98 м2 и е сопственост на млад пар кој чека бебе. Мажот работи во областа на денталната медицина, неговото секојдневие е доста бурно со многу клиенти и одтука неговата основна желба -во новиот дом да може да се опушти и релаксира после долгиот напорен ден.

а2

За основен стил е избран минимализам со неутрални бои и лесни детали.

Во апартманот е предвидено користење на природни материјали како дрво и камен. Во дневната соба може да се примети засиленото користење на дрвото. Освен дрвениот под, еден цел ѕид е завршен со дрвени панели со геометриска форма. Во комбинација со био каминот под телевизорот, дрвените елементи создаваат пријатна атмосфера во дневната соба.

а3

Како што споменав погоре, семејството очекува нов член, но полот уште не е познат. Тоа е причината што детската соба е во неутрални бои за да одговара на детето без разлика на полот.

а4

Спалната соба исто така е пространа, со декоративен детал зад креветот, изработен од дрвени елементи кој дава чувство дека се наоѓате на некој тропски остров.

а5

Да не го заборавам и балконот, простор предвиден за одмор, со пријатен и смирен ентериер, со дрво како завршен материјал, пак со строги геометриски форми како и останатиот дел од домот.

а6

Дипломиран инженер архитект на Универзитетот Американ Колеџ, Факултет за архитектура и дизајн , кадешто ги заврши и магистерските студии. Родена во Струмица, но живее во Скопје и работи во проектанското биро ''Иванов инженеринг''.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top