Home / Историја / СТАВ: Дали е подобро децата да учат за Елон Маск или за Питу Гули?

СТАВ: Дали е подобро децата да учат за Елон Маск или за Питу Гули?

Еден драг пријател денеска отвори тема која мислам дека би било супер понатаму да биде разработена: „Дали нашите деца би било подобро да учат за Елон Маск или за Питу Гули и Гоце Делчев?“

Desktop6

Како и очекувано дебата лесно премина во политички води предводена од двете најстари политички крила – конзервативците и либералците. Либералците се за да ја освоиме вселената. Конзервативците се да не заборавиме кој ни помогна во државотворноста (во 9/10 случаи станува збор за батиња со долги мустаќи).

Околу самиот феномен на национализмот сум поодамна изјаснет – Национализмот е болест на човештвото.

Но она што лежи на другиот крај на спектрумот е исто така опасно. Познатиот Интернет песимист Евгениј Молотов го нарече – Солуционизам. Истиот термин ќе го користиме и понатаму.

Солуционизмот е исто така еден (грд) феномен во кој решенијата на проблемите на општеството на цивилизацијата, на политиката итн итн се смета дека лежат во технолошкиот развој.

Дајте ни повеќе технологија и ќе го решиме проблемот со корупцијата. Дајте ни повеќе технологија и ќе го решиме проблемот со недоволната граѓанска партиципација. Дајте ни повеќе технологија и ќе го решиме проблемот со криминал. Дајде ни повеќе технологија и ќе го решиме проблемот со религиозниот фанатицизам. Дајте ни повеќе технологија и ќе го решиме проблемот со опаѓачкиот наталитет итн итн.

Пред 50 години Равиндранат Тагоре и се обрати на Индија со една уникатна порака: “Индија мора да разбере дека постои повеќе од еден начин да се биде Велик.”

Оваа изјава Тагоре ја даде во услови на изразита политичка поделеност за време на државотворниот период во Индија кога за прв пат Индија посведочи нова генерација на млади политичари кои силата на Индија ја повика во плурализам но и агресивен материјален подем втемеленен на една единствена националност, еден национален идентитет.

Звучи убаво и логично, нели? Да, ако сте западно општество, но не ако сте Индија земја која за прв пат се обиде да обедини дузина антички народи под една националност и под една заедничка вредност (класична Оксидентална дефиниција за нација).

posthuman_in_water1

Зошто сево ова?

Бидејќи токму овде лежи проблемот со солуционистите. Тие во сѐ гледаат во услови на алгоритмиска несовршеност, систем кој треба да се оптимизира. За нив и самата човекова природа е програмерски проблем кој само чека да се реши од попрецизен. подобар алгоритам.

Ајде овде да го ставиме во друштво и Peter Thiel.

Прекрасен визионер, но со еден сериозен проблем. Тој сака да одлета во вселената и да изгради засебни нации-острови во кои нема да има влада од причина што според него остатокот од човештвото е премногу споро, ограничено и одбивно спрема прогрес. Но, со него имам 2 замерки:

Како прво – Што ќе се случи кога една традиционално солуционистичка т.е. проблемска филозофија конечно ќе нема да има повеќе проблеми кои треба да се решат?

Како второ – Што е тоа што треба да се реши? Што претставува проблем за него? Самата историја на човештвото стана проблем за него? Каде е границата на тоа што е проблем и тоа што не е проблем? И што според него би требало да се случи за да нема повеќе проблеми која и да е неговата дефиниција за проблем?

Дека одреден проблем не е проблем, туку резултантна фаза во историскиот развој на една група на луѓе или територијална област е нешто што нема да го слушнете, бидејќи нели, алгоритмот нема историја…

Сите ние сме длабоко засегнати во проблемите со нашето општество (посебно со подемот на Турските серии) и контемплираме што да направиме за да го поправиме. Но, токму зборчето “поправиме“ би можело да биде изворот на неволјата.

Елон Маск можеби размислува за иднината и вселената, но тоа е поради тоа што неговата нација нема минато. Се доселија купче луѓе од сите страни пред неколку века, се замешаа во една хомогена средина и ете бидна The American People. Народите на нашиве простори се подложни и дефинирани од културни и антрополошки влијанија, миграции кои датираат со векови и милениуми наназад. Бројно моќни мисловни системи се имаат судрено на овие простори.

Наместо да се однесуваме како да бараме решенија од проблеми кои се јавија вчера мора најпрво да разбереме дека можеби воопшто немаме проблем. Пред да побараме решение и да осудуваме одредена навидум статичка појава можеби би било пожелно да погледнеме во генеалогијата на нашите народи и да разбереме што дереџе не донесе тука. А нашата историја или она малкуто што го знаеме од не ние младите, поготово во последниот век беше густа, напорна и толку многу работи се сменија што повеќето од нас посакаа да не мора да се присетат на ништо што е постаро од еден месец.

Иако сум либералец и техно оптимист сметам дека премногу рано се отцепуваме од вредностите на нашите таканаречени конзеративни татковци коопнеејќи по големина и прогрес чија што дефиниција за жал е изразито Американска.

AAEAAQAAAAAAAAcIAAAAJDE1Y2YxYWZlLTQzY2MtNGIyMi04ZTRlLWJmZmUxNWUxYjBhOQ

Затоа погоре го споменав Тагоре – Постои повеќе од еден начин да се биде Велик.

Ете тоа го имаме заборавено ние, нашиот народ. Бесно туркаме кој одреден концепт за големина кој не мора да биде карактеристично наш, кој не кореспондира со нашата историја, со нашата антропологија со нашата духовна структура до таа мера што и самото тоа што не прави народ, самата наша историја ни е одвратна и стана проблем кој треба да се реши.

Поентата е во тоа што Елон Маск можеби и не е најдобрата против-тежа за батињата наши со долги мустаќи. Изгубени сме бидејќи трагаме по белези со кои не сме компатибилни, а оние кои ни се својствени и вдаховени од историјата ги сметаме за зло бидејќи другите ни велат така.

Народи кои никогаш немале корен нӗ учат колку беспотребно и регресивно е да се држиме кон кон корени, кон генеалогија. Која историја, бе батали историја, иднината е важна бе човече, Марс… Ете така претендира да размислува типичен милениумец задоен со технологија, со facebook.

Да не прерано почнавме да ја поистоветуваме алатката со креаторот? Откога идентитетот на одреден народ стана проблем.. И тоа проблем кој треба да се реши… Со софтвер.. Со вселенски летала?!?

За Strumica Online пишува: Блаже Аризанов (@kaspian)

Save

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top