Home / Забава / Научниците сметаат дека Мона Лиза се насмевнува од среќа

Научниците сметаат дека Мона Лиза се насмевнува од среќа

Познатото дело на италијанскиот сликар Леонардо да Винчи “Мона Лиза” секогаш будела бројни дебати поради својата загатливост. Тим од научници сепак смета дека мистериите околу неа веќе се со една помалку.

mona-lisa_0

Мистериозната насмевка на Мона Лиза се должи на радост, сметаат речиси 100% од волонтерите вклучени во студија на визуелните доживувања. Неврологот Јирген Корнмајер од Универзитетот во Фрајбург и неговиот тим користеле La Gioconda за своето истражување кое ги пресметува факторите кои влијаат на човечката перцепција на визуелните знаци.

Нивниот избор не е случаен, бидејќи сликата често се смета за симбол на емоционалната енигма. Ако за многумина насмевката на Мона Лиза изгледа весела и непринудена, тогаш за некои таа е прилично цинична и дури тажна.

Екипата користела црно-бела варијанта на сликата од XVI век, која била манипулирана во осум различни варијанти. Кај секоја од нив усните се променети малку нагоре, за да изгледаат весели, или надолу – за да изгледаат тажно. Покрај овие варијации на волонтерите им е индицирана и оригиналната црно-бела опција. На 12-те учесници во експериментот сликите со Мона Лиза им се прикажани вкупно 30 пати. При секое прикажување на сликата тие требало да кажат дали таа е радосна или тажна.

“Со оглед на описите од уметноста и историјата, ние мислевме дека оригиналот ќе биде повеќе двосмислен”, изјави Корнмејер. Обратно од неговите очекувања, сепак експериментот покажа дека оригиналот на Да Винчи е категорично “среќен”. Според 97% од учесниците насмевката на Мона Лиза изгледа радосна.

Според истражувачите луѓето “не поседуваат фиксна скала за среќа и тага во мозокот” и перцепцијата на овие емоции зависи многу од контекстот.

“Ние го забележуваме целиот опсег и потоа ги адаптираме нашите проценки”, користејќи меморија, смета Корнмејер, според кого разбирањето на тоа може да помогне во лекувањето на луѓе со психијатриски растројства.

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top